Во една мошне агресивна, дури брутална, поза, актерот препорачуваше дека оние што патиките ги користат за да ги стават на масичката додека гледаат ТВ, или да прошетаат до фрижидерот, или за да ги „покажа“ - тие ни случајно не треба да ги купуваат авиа патиките!
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Затоа што тие се наменети само за оние на коишто спортот им е во крвта, само на вистинските атлети што своите патики ги натопуваат со пот!
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Успехот беше голем.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таму каде што се беше претворил веќе во вода, брзаше долу низ долчињата да ги натопи зелените ливади и да се скрие во утробата на мајката земја за да се врати на есен или зима преку матните облаци и да се обнови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Некои испопаѓаа и целите се измокрија, а посреќните и повештите ги натопија само панталоните.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Мило дадино!“ - го гушкаше, го бакнуваше, а потем му ги бришеше обравчињата што му ги натопи со своите солзи...
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Се поместив наназад затоа што од грчевитите притискања и тегнења на тетка Олга наоколу летнаа неколку капки, а кога го спуштив долу погледот, видов како влагата се шири по теписонот во вид на темна трага, го опфатил просторот под босите прсти на тетка Олга, а тргнал и накај мене со намера да ми ги натопи стапалата, па се повлеков на сигурна далечина.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ѓорѓија се согласи со умерена доза на глумење лутина. По една недела, тој живееше сам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Одеднаш дојде санитерот, но не забележа ништо туку и тој зеде да ѝ ги натопи усните.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Одевме покрај Црна Река и на едно место ја прегазивме, единствено внимававме само пушките да не ги натопиме, а другото не беше важно.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И реков: Елице, ако пиеш вода ќе умреш.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)