-Интересни работи кажуваш. Каде ги насобра сите овие мудрости?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Знаев дека и тој си ги насобрал своите глувчиња во просторот меѓу челната коска, темето и слепоочниците, дека и него го радуваат, го развеселуваат глувчињата, по ќошињата од неговата глава.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Оној ги насобра околу себе сите свои братучеди и ги направи бригадири, секретари, книговодители, магационери и членови на комитетот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)