ги (зам.) - наслушнува (гл.)

Треварот Никола Влашки покажа со маслена коска кон мене и праша зошто не земам залак за душа на покојниот Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа, цел живот, во сите куќи на нашиот егзил, ги наслушнуваше оддалеку нашите чекори, на децата и на Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како во моментите кога за првпат ги наслушнував оние нејасни приказни со кои мајка ми се обидуваше да ја искаже осаменоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чкртал со заби, го чуле. - Што е, што сакаш овде? прашал со гровтав глас и ѝ ги наслушнувал меките чекори, притаен, со претпазливост на вепар што свикнал на осаменост и на тишина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И каменоделците дишеле шумно. Во таа шума на запалени човечки стебла, во тој оган што вивнувал од секое машко влакненце, ни Доце Срменков не останал неначнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Останав неподвижен, стуткан. Ми се чинеше дека за сето тоа време некој со потсмешливост во срцето ми ги наслушнува мислите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се растрчуваа и луѓето по сокаците и одеа кај онаа жена што им беше поблиска, што им беше роднина или пријателка, застануваа крај куќата и штутеа под прозорците, ги наслушнуваа јачењето на породилката и заклучуваа дали ѝ наближува времето за породување или уште ќе се мачи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)