ги (зам.) - наслуша (гл.)

Кога ќе им здодее камената тишина, врвовите ги начучулуваат ушите и ги наслушуваат во долината брзаците на Урубамба - баш кога една снегулка од Андите се топи во сеќавањата на една избраздена бабичка која на железничката станица продава шарени плетени капи и ракавици.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ги претскажува летата и ветровите, ги наслушува ѕвездите, прекрасно ја чисти земјата од мртовци...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)