И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Букварот, велат, ќе ги обедини, ќе ги освести и заедно сите ќе се кренат да се борат, и Грција склучува договор со Турција и ги враќа Грците од Мала Азија, сите ги населува во нашите градови, а македонските Помаци ги иселува во Турција, ти ја земаат земјата сосе гробови, а без гробови немаш ни роднини, нивните војници со убиства се фалат во писмата: кој колку Македонци убил, се натпреваруваат во убиствата и затоа добиваат наградни отсуства и нешто друго добиваат,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сите ликови, сите оние брадести оклопници, сите ковачи, колари, стражари, трговци, што тој преку своите мисли ги населуваше во таа древна населба, сега му откажуваа послушност.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Беше спомнато и тврдењето дека записите на Монахот, кој и самиот веројатно потекнувал од реканскиот крај, не треба да се поврзуваат со сенките- вампири што со векови ги населувале приказните од пределот Гора.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На јаве му се случува страшниот сон во кој ветрот и тој блудат низ испразнетиот град и се печат на тивкиот оган на неодамнешното живо присуство и сеќавање, на довчерашниот, додуша сè помалуброен, но сепак постоен џагор на живиот град, на Солун, што сега исполнет само со бивш живот некој еднаш го нарекол Втор Ерусалим. Кој сега е нов Гехином.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)