ги (зам.) - надитри (гл.)

2. Како баба ми Ристена ги надитри Турците Ќе ви раскажам уште нешто од времето кога Турците беа тука, ние не ги сакавме, тие беа поробувачи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие можат да те шпионираат деноноќно, но ако сочуваш бистра глава сѐ уште можеш да ги надитриш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А многу вистини како ни една! Иако сите се со вкус на веројатност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од прво одделение нѐ тераа да цртаме храбри партизани и курирчиња и на сите ни беше смачено кога моравме за секој празник да цртаме као партизаните со петокрака ѕвезда на капата пукаат во Германците и ги победуваат или пак, ќе ни дадеа состав како курирчето Славко ги надитрило Германците, се разбира, тоа секоја година се повторуваше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сега, сите како да се излажани. Таа како да ги надитри.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Па, за да ги надитрат тие недостатоци во паметењето, за ист настан од минатото осамените чуваат и по повеќе вистини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)