ги (зам.) - награди (гл.)

Од грозоморното школо што одгледува исти такви ситни и бедни гнасови ко што се оние што нè заплискуваат од канализацијата на ТВ-каналите, училиште што ги наградува хипокризијата и лицемерието и малограѓанштината, кои дрмаат со нашите животи ко да сме перманентно прикопчани на електро-шок, толку отприлика е одвратно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Моќниците ги фаворизираат дилетантите, ги наградуваат ласкавците, ги поддржуваат измамниците; на чесните не им посветуваат ни најмала мисла, а камоли внимание“, пишува Грасиан.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Штедењето, знае Мира, сите ги наградува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Годинава, најзабележително беше оценувањето на членот на жирито од Албанија: со највисоки оценки, ги награди интерпретаторите од нејзината провениенција.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Самиот тој стана „кумбара“ на неколку селски домаќини и богато ги награди своите кумчиња сѐ со лири и наполеони. И не располагаше само тој со илјадници лири.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)