ги (зам.) - нагласува (гл.)

И овојпат не ги коментирав зборовите на Х.Х. кои ги нагласуваше со посебно задоволство и олеснување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Перипелицина почна да ја бара на клавирот, а Елизабета Вајкер веќе наглавува со виолината, ги нагласува поубавите места од песната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кети забележа дека Рози не беше облечена во своите панталони, наместо нив беше облечена во син памучен фустан што ѝ ги нагласуваше русата коса и бледилото, како и женственоста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)