Што ако цела сала ќе ги наврти кон нив прекорните погледни, толку да им чини на самобендисаните.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ќе ги навртат плеќите како добиците на дрвјата, и се тријат, се жулат. И сите се прават како тоа да е обично чешање од укас на некоја болва или бубачка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако среде чепкање во носот ги полази некоја зелена или златокрила мува веднаш ќе се обидат да ја плеснат по газ со обете раце како да го упатуваат својот единечен аплауз баш кога не му е време.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Заишкаа по ластовицата, ги навртеа пиштолите, калашниковите борни коли и скорпии и пукаа со злост и злоба по птичето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Аџиите и забитот ги извадија пиштолите и ги навртоа во портата, но за секој случај, крајно претпазливи, се тргнаа еден лево, двајцата десно да ги избегнат првите куршуми во случај некој од бунтовниците да стрела.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)