ги (зам.) - мрда (гл.)

Зад него, исчекорувајќи од длабочината се појавува Давид Давидовиќ одамна заминатиот маж на Бенвениста и застанува, како што личи во оваа пригода, покрај пресреќната сопруга, онаков каков што го знаеа во најдобрите денови, само сега со свечен и светнат израз на лицето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Скупо им било да ги мрдаат височинките и решиле ѓубрето да го покријат со 2 метра земја, да стават по некој ски–лифт, едно–две бачила и сега за "скијање на ѓубре" ти зимаат 30$ зa дневна.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Тропањето се повторува и татко запира да ги мрда вилиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
АРСО: Како ќе ги свират свирките, така ќе ги мрдаш нозете. (Го фаќа за другата рака и му шепнува.) Ајде, орото е — крајот...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СИТЕ: (Играат, пеејќи.) Јовано, Јованке, крај Вардара седиш, бело платно белиш, сѐ нагоре гледаш, јагне, мое Јовано. Јовано, Јованке, јас те тебе чекам, ти ми не доаѓаш, ти ми не доаѓаш, јагне мое Јовано.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тоа не значи дека ако бебето ги мрда одеднаш сите прсти од раката, тоа нема пет посебни прсти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Додека го изговара древниот текст на свадбениот договор, Јехуда ги мрда усните, а потоа кога сè е завршено, го крева погледот кон мајка си, која го гледа синот со милост потврдувајќи му со главата во знак на одобрување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше исто така изненадувачки оспособена да зборува без да ги мрда усните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)