ги (зам.) - критикува (гл.)

По повод излож­бата на цртежи и објекти од 1971 г. еден критичар напиша: „Од бандажираното мало детско стапало и валканата детска ракавица, до страниците со многу прецр­тани броеви, неговото сопствено детство оживува.“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс однатре бил минималиста - ладен - но бил во состојба, како пчела, да ги максимализира своите извори - да стане топол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поради тоа неминовно ги доживувал ладните “минималисти”, како што се Марсел Дишан и Роберт Морис, како закана и ги критикувал за да се дистанцира од нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да ги критикува работите на Комитетот можеше само друг комитет што располага со сила.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Знаеше и да ги критикува, да ги кара одвреме - навреме.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Им овозможува да се стават во извесни начини на суштествување и чувствување, да ги испробуваат, да ги споредуваат и да ги критикуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Попрво, тој значи таа да се разбере како можност за геј-мажите да најдат заменски идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Џоан Крафорд како Милдред Пирс на геј-мажите им обликува и им става на располагање емоционална ситуација што можат да ја истражуваат, за да се здобијат со гледиште за аспектите на сопствената неволја.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто мајката е и буквален и фигуративен лик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова навистина се битни прашања кои заслужуваат сериозно внимание и за кои е неопходно, во блиска иднина, заедно со работниците и нивните синдикални „ќелии“, здруженија или неформални групи да поработиме на т.н. синдикално образование, односно на работничка трудовоправна едукација преку разни форми кои ќе ги оцениме како погодни (перманентни предавања, серија трибини, периодични семинари, кампови, школи; како и преку книги, брошури, флаери, списанија и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
2) Недоверба на работниците во бирократизираните синдикални лидери и разочараноста од декоративната улога на „жолтите“ синдикати Овде треба да имаме предвид дека и денес, не само во високоразвиените западни земји, туку и во „земјите во транзиција“, синдикатите се далеку најголемата компактна политичка интересна заедница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ама како што Движењето за социјална правда „Ленка“ нема симпатии и кокетирања кон „жолтите“ македонски синдикати кои се под сенката на државната патронажа, па дури и отворено и јавно ги критикуваме – ние, со несмалена жестина, ја жигосуваме и работничката апатија, односно неподносливата пасивност на македонските работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)