„Гори“, вика едно време, и ги крева рацете кон запад.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таа го погледнува: „О, колку си убава, о колку заносна, љубена моја со твојата убавина”19.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На врвот од веселбата Јехуда и Алегра ги креваат заедно со столиците на кои седат и - во ритамот на веселата музика во која се извива звукот на гарнетата што младоженците толку многу го сакаат, сеќавајќи се на нивниот прв заеднички Пурим - ги носат над своите глави, како цар и царица на свадбената свеченост што продолжува... И никогаш не прекинува да трае.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Да слушаме плочи!“ предложи Влатко. „Здодевно!“ рече Ташко.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Ќе побарам. Знам каде ги крева тато“, реков.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Имаш карти?“ праша Љупчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Метакот, пак, немаше скршен денар во џеб и беше класичен пролетер, а одењето во затвор само би му ги кренало акциите и би станал македонски Тупак, но знаеше дека Шајчевска блефира и си ги крева сопствените акции, а основ за тужба има толку колку што Обама е миротворец.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Рацете потивко ги креваат чашите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се наоѓам како во треска... Дездемона ги крева своите големи очи - во мене гледа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Девојчето ги ширеше рацете, ги креваше празните стомничиња, како да сакаше да летне.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Па како разговараш со човек што не е тука? - Како! - ги крева дедо Димо веѓите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Некој ги крева тешките пердиња на молкот Или на вратата на твојата зачуденост тропа Грубијанот-време МРТВОТО ВРЕМЕ Видов една роза како се разбуди кога ја допре Разнежениот зрак.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Мачорот убаво се намести а Бошко почна да му раскажува: - Ги крева учителката децата едно по едно и им вели: „Васка Петрова, слаба си, вели, Митко Пешевски, подобро да учиш, Димко Арсовски добар си но можеш и подобар да бидеш, и ги крева така учителката сите деца и на сите по нешто им вели. Најпосле го изговори и моето име: „Бошко Стојчески, вели, - одличен.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
„Бидејќи ти е долг јазикот; и во зборовите клаваш осило“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ете тоа сакам да му го речам додека ги кревам полните садови со вода. Но молчам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А она што го напиша и потпиша наш Боге излезе дека не важело. Тој лично ми соопшти.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„А зошто да не важи?“ го прашувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сѐ ми се причинува дека гледам покрај него. Но и во тоа не сум сигурен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не туку ги кревај рамениците туку пријди до масата и потпиши!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ги крева своите огромни раце, ги врти, ги гледа, лицето му е насмевнато, а очите расцветани.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Младен не ги крева очите. Само црвенее во лицето, како да се пече на жар. Молчи.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Мачорот убаво се намести а Бошко почна да му раскажува: - Ги крева учителката децата едно по едно и им вели: “Васка Петрова, слаба си, вели, Митко Пешевски, подобро да учиш, Димко Арсовски добар си но можеш и подобар да бидеш, и ги крева така учителката сите деца и на сите по нешто им вели.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Џоан ги крева рацете кон вратот на Тина, ѝ се вдава и вреска.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сигурно, Копола прави сјајна, преувеличена и крајно театрална изведба на конвенционалната женственост во разуздано издание – наводно рекла „ако такво нешто може да се нарече глума“.410
Со напупените, надуени, нацрвени усни (на кои во една секвенција става црвенило; види слика 24), со дебелите, темни веѓи, со кокоравите очи оцртани со црна маскара и со алиштата од шеесеттите, Копола можело да ја имитира и Марија Калас.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Главата си ја зафрла наназад за да си ги покаже белките од очите; се ѕвери наоколу, устата ја раширила во гримаса; импулсивно ги крева рацете за да си ја измазни косата, ги пружа пред себе молепствено и самоодбранбено.
или ги влече по вратот, како да се бори за здив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Без разлика дали Соник јут навистина ја чувствувале или не ја чувствувале болката на Џоан Крафорд, сликата за Крафорд што ја прави Копола во спотот на Марки не изгледа баш најсочувствително.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Крајниот ефект на ова е хистерична претераност, токму во согласност со врисоците на Мур.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како што одеше кон градите, кон пределот на срцето, така и треската и восхитот раснеа во него, та заборави на сè: на времето што леташе, на просторот во кој создаваше, на воздухот што му ги креваше градите и на издишките што од нив излегуваа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Вителот во кој беше влегол му ги креваше восхитот и жедта за сликање.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Со очи го повикал светот на светците и ги кревал рацете кон нив, сакал да ја одбие од себе незаслужената среќа тој да го уништи чудовиштето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не очекувале, сепак видовитиот несреќник јасно проговорил, не можело да се сфати умира ли или зачекорува исправен и наеднаш повисок и од највисоките.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но штом ќе се зазори, некоја сила ги крева на нозе. И започнува таму пак борба.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Тц, тц, тц... - Му се присонило! Само ни ги крева дертовите! - викна еден силен Албанец, плукна и се одлепи од групата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Мирен е во бескрајот песочниот океан, но понекогаш бура ги крева правливите бранови и во нив Едип еден ден исчезна.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Напред пред борачите одеа тројца зурлаџии и еден тапанџија, (свиреа, корнеа зурлите, бувташе, уриваше тапанот) а по нив сета прилепска чаршија, сите пазарџии, меѓу кои и главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Лазор, зашто беше таков, гол и премачкан со шарлаган, нешто што беше и срамно понижувачко, со наведната глава, а Исо, за цела глава понизок од Лазора, но многу поплеќест и подебел, речиси гргулест, ги креваше рацете над глава, плескаше со нив, се вртеше во круг и извикуваше борбено.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Мислите дека сум питач? Погледнувам кон сликарот: тој ги крева рамениците.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Стои Толе над посатките и сеедно зборува: - Стомниња, бардиња, грниња, вика, не ќе оди ова за многу и мечката од Москва ќе се опсени и за нас, стомниња, бардиња, грниња и ќе видите, вели, како што слушам јас, стомниња, бардиња, грниња ќе прави војна и за нас, вели, па уште ние останавме без држава, вели, стомниња, бардиња, грниња, на сите околу нас им даде, вели, стомниња, бардиња, грниња, зар другите ѝ се породнини од нас, вели и ги крева стомнињата едно по едно, го чука со претите и после дува во нив да видат луѓето дека никое не тиши.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Не знам, вели војводата и ги крева рамената до ушите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
а возот само си пуфка, си штрака на шините, и од тоа не се слуша многу нашето викање, грми, не чувме и кога грмнало небото и туку - удри еден дожд на вагонот, штрака, така, така, така, како да работи машина за шиење, ако си чул, ама кај ќе чуеш, кај нас се шие на рака, колва озгора дождот, и почна да претечува од тоа отворчето одозгора, почна да капе, да навева и ние се креваме замелушени, ги креваме главите, зинуваме со устите и чекаме водата да ни капе на јазикот, се поттурнуваме така подзинати нагоре, ко штркови во седело, а дождот си шие одозгора, си колва и нѐ понакрева, нѐ наживнува, ама после не се легнува во сламата, сламата се раскваси и сите болви наскокаа на нас, ни се пикаат под пазуви, под гуша, под ногавици, и боцкаат, дупат, ти ја пијат крвта, тоа што останало од крвта, колку едно песочно браздиче, и така паткаме, два дена и две ноќи паткаме, а може помалку, не знам...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги креваат од земјата и ги тресат, примижуваат од правта.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- А, Капинка, кај ти е Капинка, прашува Лазор Ночески. - Капинка одутрина ја закопав, велам, а Ѕвездан за вечерва ми остана, велам и ги кревам очите кон кај што навалува сонцето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Убаво гледам како ги крева рацете со широки просрмени ракави. ѝ се завраќаат кон лактите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Давиде Недолетниот ги крева рацете и коледар скока околу огнот. Ќе полета со чадот. 130
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Колку стомни наполни, велам, и ги кревам стомните, пијам. - Две ми вели Велика.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Од зад мене, наеднаш слушам: долу оружјето! Јас ги кревам рацете, се свртувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги земаме крстовите од црквата, ги креваме иконите в раце и ајде, ајде, одиме со пеење низ село, под село, низ полето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие ќе ги креваат опашките, а тој ќе ги крева рацете.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Седи Богдан со отворениот албум пред себе во градината, ги крева очите и гледа: се стемнува, а пладне уште не е поминато; времето се стишало, не мрда ни лист по дрвјата, не се движи ни птица, ни инсект; чудна некоја тишина, чудно исчекување како пред породување.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ги крева Богдан очите од сликата и погледнува на часовникот на ѕидот; времето не го интересира; го привлекува неговото чукање што ја разбива тишината.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тој едвај процедува: „Не...“ Таа ги крева веѓите: „Не? Живот...“ испушта пошумно воздух како да издивнува.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ги крева рацете Богдан, се фаќа за железните шипки од креветот и прави напори да се крене, да стане, но оние исти полипи што го тргаа во болницата, пак го тргаат надолу кон водните длабини да не може да поземе воздух.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тие тогаш ги креваат мрежите од длабините на морето, ги повлекуваат чуновите кон брегот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но што станува со ловците по успешниот лов?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој стоеше гледајќи како инструкторката ги крева рацете над главата - не можеше да се каже грациозно, но затоа забележливо прецизно и ефикасно - и како се наведнува и ги протнува врвовите од прстите на рацете под палците на нозете.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сѐ уште го притискаа цврсто за креветот, но сега можеше да мрда по малку со колениците и можеше да ја заврти главата на едната и на другата страна и да ги крева рацете од лактовите надолу.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ленената кошула ѝ ги креваше бујните гради, а меките, влажни усни ѝ блестеа во мракот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не, Ѕвезда не ги крева очите.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Очите не ги крева, а кавалџијата пред неа застанат милно извива: - Девојченце, девојченце, љубиш ли ме мене?
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Ама, што би, што стана со детето...? - плачеше Кала. Венда ги креваше рамениците. Дукле само ги стискаше дланките на очите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Откако се преселив кај Бај Шишко времето брзо изминува: сончевите денови се наполнија со ветришта и прашини што ги креваа ветриштата, а ветриштата се заменија со дождови.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Токму тука, на ова место, додека е зафатена со себе и со внучињата а и со Костадина кому му е наменет полниот чипчак со чај, до Добра се прибира нејзиниот маж, ги крева неколкуте бовчи а нејзе ѝ дава ишарет да го проследува по дирата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Пченката не ја береше со своите брзи раце, туку сама ги креваше кошовите и ги истураше во запрегите.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Најголемката сака да ги прескокнува сѐ уште нераздвижените, кога Чана ги крева рацете и со нив чиниш пак ја затвора вратата Да почекаме уште малку!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога ги крева очите во нив навистина се наместува насмеаното широко лице на Танаско со зборовите Кутар дедо Костадин, гу умреа дедовците!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Младите жени ќе ги креваат кон сонцето своите црвенолики деца.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Имам чувство дека мнозинството во Silicon Valley ги крева рамениците и се шегува дека се работи за премногу LSD. 88 Margina #17-18 [1995] | okno.mk Јапонците не се шегуваат.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Го тргам темното од видот И дланките ги кревам Кон зракот.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Кога ќе го прашаат на што се должи таквата верност рамна на саможртва тој ги крева рамениците.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Се враќам трчајќи во собата а таму некој ги крева садовите еден по еден и ги фрла.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Докторот Грличков ги креваше рамињата, како крилата оние мали птици од гнездата, додека се подучуваат да полетаат: „Не знам, навистина не знам, госпоѓо, како можеше самиот да си стори толкаво зло!“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- В град!? Зошто? - ги крева зачудено веѓите старешината Раде.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
А тополите? Влатко стои на крајот од ливадата заџарен... гледа угоре - синевина, синевина и бели облачиња порабени со бакарна светлина од сонцето што заоѓа... му се пристори дека синевината ќе се струполи врз него... па ги крева рацете за да ја потпре... ги нема тополите... ничкосаниот поглед здогледува вкоренети пенушки - небаре џиновски стапала...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ги крева капаците. Од првиот - еден по еден ваѓа и оддиплува фустани. Стои пред огледало и ги мери.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Чана! Златните они! и силно ја заграбува прво Пелагија, се стопуваат во една прегратка и долго стојат така, стопени, како едно цело, а после ги крева рацете, а Чана ги вчапува и ја крева кон своето широко лице, исто така разлеано од радост!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Горачинов ги крева веѓите и ги отскрива големите очи: во обете му игра по едно мало човече што личи на мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Им ги креваме главите на луѓето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По неколкупати луѓето ги креваат мотиките над главите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Миризбата на чајот ни ги отвора ноздрите, ни ги крева носовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И штрковите што пасат по ливадите ги креваат главите и се вртат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас ги кревам рамената и ја карам Оливера.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Не знам, вели и ги крева рамената. Ништо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Им се извинуваат и им ги креваат главите. Се обидуваат да ги оживеат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Да здравствует Николај Контрашенко, викаме и подрипнуваме, ги креваме рацете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)