ги (зам.) - краде (гл.)

А имаше такви кои ја напасуваа стоката по насипот на пругата, кои намерно ги растураа камењата, ги одвртуваа штрафовите од шините и ги крадеа праговите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
НЕКОИ ТАГИ НИКОГАШ НЕ СЕ ПРЕБОЛЕНИ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И суптилно сите носиме маски за да го прикриеме нашето вистинско лице, им се покоруваме на стравовите и внатрешни демони кои ни ги крадат соновите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ме потсети кога со брат ми Никодин ги крадевме теглите од подрумот на баба, јадевме така со прсти, сѐ додека не ѝ го видиме дното на теглата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Ако, чедо“, му вели, „сите му ги крадеме деновите на бога кој колку што можеме, иако знаеме дека животот ни трае додека не ни догори свеќата што тој ни ја пали уште кога ќе се родиме...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Стеснето, стуткано ги собираат споменатите стомаци не знаејќи каде со рацете, се распрашуваат на кој кат одат на гости, ги крадат огледалата или водат љубов во ситните саати.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Војне што оти го споменав за тие дрвата што ги крадеше за ливаѓани. Тој сега е во Скопје.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тие ги крадеа дрвата за нив. тогаш едни двајца наши, еден Војне, Војне и еден Михајло, Брчалото на прекар го викавме, тие со ливаѓани беа гас и гаќи да ми простиш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите апчиња во мојот живот Ги паметам малите зрнца од „Б комплекс“ што ги крадев додека мајка ми не беше тука и сè уште го чувствувам тој горчливо-сладок вкус во устата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Љубомора што луѓето со пари ги крадат темите од андерграунд животот и им даваат добар и комерцијален изглед.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Времето е такво, вели, ќе се бркаме со сојките и ќе си ги крадеме зрната жито.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Башмајсторот никој ништо не му рече, барем не тогаш, но оној престана само да им ги покажува работите, што продолжи да ги краде од дуќаните.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јагнињата сами ги крадеме по околните бачила, кои се инаку под ликвидација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ги краде џемперите од продавниците каде нема попуст и волната им ја враќа на овците.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И зошто одненадеж, паф, се измазнува ко песја муцка ко опашката на Макс мачорот, душичка (врати ми го, те молам!); „Простете, не беше намерно“, вели езерото ми ги краде зборовите небаре расипало скапоцен предмет а јас, како ништо да не било скокам во него пливам, и нуркам, и го гушкам и повторно го сакам, свежо (макар што јас не знам што всушност значи да сакаш)!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И свика: - А ти си таа, значи што ги краде парите!
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тајните свои Мил си ги понесе в гроб, а на погребот се откри онаа другата тајна што ги мачеше луѓето кој ги краде парите од црквата...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Цела мала се жали оти се јавил арамија што ги кради челите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мажот ми се вљуби во некого од нив и ме остави сама со децата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога се врати неколку месеци подоцна, се испостави дека ја загубил моќта на говор.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сообраќајна несреќа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повторно изби војна, моравме да ја отвориме вратата за непознати луѓе кои ги крадеа нашите работи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)