Пишуваше драма – еден дел од животот на Сандино – во која американскиот стипендист пука во Американците со пушка на прадедо му, прочуениот ловец на бизони, мајката го губи едното дете, близначе, а другото, престорено во бувче, ноќе ги колве очите на окупаторските војници, убавицата води љубов не само со целото село, туку и со сеништата, вампири, духови на претците – сѐ тоа набиено на шеесетина страници.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Една кокошка ги колвеше врвците од чевлите на Милан и една обоена дамка на неговата ногавица од панталоните.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Некои ќе му се спуштаат на рамената, некои ќе му се сместат на главата, а некои ќе му ги кубат влакната од ушите, или ќе му ги колват очилата, сè додека едно од нив не одлета, преправајќи се како да има нешто скапоцено во својот клун, а потоа дваесетина или повеќе наврат-нанос ќе се нафрлат за да му го грабнат тоа што му било во устата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И тогаш тој ќе клекне сред нив, а тие ќе колват и ќе се врткаат околу него како во пчеларник, ќе го забавуваат и одушевуваат со тоа што ќе му ги колват ногавиците на панталоните и копчињата на кошулата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Секогаш кога ги разгледував извештаите на Даскалов си спомнував за зрната и пилците.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Даскалов никогаш не ќе избереше несоответен збор.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Само вистинските ги колвеа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Жити мајка, - одново замоли Крстовица – имај срце...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- викна на цел глас Василопулос, покажувајќи со здравата рака кон вратата и веднаш потоа му се обрати на Кузе, - Ќе си ти перименис, ре кокалоглифи, е?31 Не и дозволија да каже зошто ја собираше пченицата, не и дозволија да им каже и за својата болка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не грижете се. Јас ќе се погрижам таа да биде казнета и за пример и за страв.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Крстовица се врати во бараката-коњушница.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Толкунѕаво гршче пченичка собрав од класја што ги колваа врапците по стрништето... - Ја украде! - ѝ викна Василопулос.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Гаврани, врани, врапци ги колваа зрната.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од под нозе ти ги колват трошките, семките, лушпите од овошје.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Знам да чукам букви по тастатурата, иако ги колвам и Александар ми вели дека личам на кокошка што се храни со букви.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„И јас се сеќавам,“ рече, па се загледа низ прозорецот, каде се беа збрале врапци и ги колваа трошките.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Клара почна да зборува бргу, со едноличен глас: „Густав трча по собите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)