Читаше бавно со мек глас, од голото теме.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Можеби и вие, гледајќи го снегот како свечено ги кити гранките на дрвјата, сте ја шепотеле некогаш таа песничка.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Зеленикави карпи краставо ги кителе ридиштата со пештери и пештерчиња: судбината на скаменетоста ја решетеле џиновски црви што можеби живееле во минатото; тоа луѓето од селото чекор по чекор и со векови навлегувале во земјата, копале и со крвави раце делкале воденички камења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од голово мое теме безброј букви што ги китат тој ќе чита.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Помеѓу сламените покриви на куќите и притаените ридишта се протегала пржелика, дива неродница со мравулници, запрена со запрложен џанкарник без цут на гранките - таквите суви почви не држат на себе ни човек ни тревка. Негде со очај се гласела ветрушка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)