ги (зам.) - карактеризира (гл.)

Со самото предлагање таков предмет, вели, сум имплицирал дека геј-мажите како група ги карактеризирале „универзалности“ што може да се откријат, да се набројат и да им се изложат на додипломците, како божем таквите работи да се факти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Изложбата и каталогот се така уредени да го презентираат животот и опусот на уметникот на еден јасен и систематичен начин, избегнувајќи ги елаборираните теоретски конструкции и произволните интерпретации што ги карактеризираа студиите за Дишан во последниве три декади, и кои всушност го спречуваа нашето разбирање на делата на овој уметник.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Слабост и недостиг на самодоверба ги карактеризира сите ликови во романот: Агна, иако незадоволна од бракот, не го напушта мажот бидејќи не се чувствува доволно снажна без неговиот успех; селаните настапуваат исклучиво како колектив и единствено така имаат сила да ги поткопуваат Симоновите настојувања; на самиот Симон не му е доволна сопствената убеденост дека прави нешто позитивно, туку му е потребно да се потпре и на паралелизмот што го пронаоѓа меѓу предокот и личното дејствување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Она што ги карактеризира класичните социолози е тоа дека тие се занимаваа со големите проблеми на своето време.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Започнувајќи со расправа за тоа што не е во ред со философијата на умот, Серл ги карактеризира и отфрла философските учења на материјализмот во неговите различни облици (логички бихејвиоризам, теорија за идентитет на типови, теорија за идентитет на знаци, функционализмот на црната кутија, јаката вештачка интелигенција, елиминативниот материјализам,натурализирачката интенционалност).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Колку што изложбата беше исцрпна, исто толку и нејзините организатори - Понтус Хултен (консултант за современа уметност во Палацо Граси) и Џенифер Гоф - Купер и Жак Камон (трудољубиви Дишанови изучувачи цели 15 години) - беа брзи во пренагласувањето дека намерата не им била да направат преобемна ретроспектива. 104 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа беше традицијата на Диркем, Вебер и Зимел кои токму настојуваа да ја разберат положбата на луѓето фрлени во урбаното друштво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како и за поголемиот дел до сега познати и пред сѐ масовно прифатени стилови, оваа популарност едновремено ја означи и јавната смрт на онаа битна нота на алтернативност и бунтовништво која ги карактеризира речиси секој израз и стил настанат вон главните центри на медиската индустрија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)