ги (зам.) - казнува (гл.)

Мислам дека уште повеќе го предизвикуваше мојата цврстина, го провоцираше мојата правичност заради која секогаш ги казнував грешките.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Втората можност би била да се укине кривичното гонење, наместо да се спроведе потполна легализација. Државата би можела наместо кривични да воведе прекршочни казни против уживателите на дрога, односно да ги казнува парично, а не со лишување од слобода; едновремено, државата би можела и понатаму кривично да ги гони продавачите, како што беше и случајот со единаесетте држави кои седумдесетите години го укинаа кривичното гонење за пушење марихуана.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
КАЗНИ, А НЕ ЗАТВОР
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имаше и такви кои ги криеја свињите не сфаќајќи ја опасноста, но власта проверуваше и ги ништеше, а несвесните луѓе ги казнуваше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Што е ова, свадба ли е... - им викаше бесно на офицерите кои заедно со војниците пукаа поделувајќи ја радоста; разбеснет, командантот, ги казнуваше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги казнувате дрските?“ И додава: „Потребно е да свикнете со можноста робот да си го побара она што сте му го одзеле. Тоа го велите дрзост?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но ако згрешат, сами ги казнуваме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас зедов да ги казнувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Браќата уште како деца некако се спасувале од тој терор одејќи во работилницата на татко си, и му помагале околу сликањето на плочките, а потоа, кога тој ќе се поднапиел, за да не му бидат при рака кога ќе почнел да удира, бегале по улиците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најстрого ги казнувала кога се препирале, кога биле немирни, кога ќе излезеле од дома без да ја прашаат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Навистина се трудам да го прикажам како вистинито она тврдење дека животот ги казнува брзите кучки слепи да раѓаат. (Но како да ги ускладам овие потврдени искуства со досегашните мои сознанија дека животот постојано ме испреварува а јас никако да го престигнам?) Роза ме чекаше во најзатскриеното ќуше на кафеаната.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)