ги (зам.) - исцрпи (гл.)

Ако си ги исцрпил аргументите во дискусијата: дада е најдобар одговор на било кој тип на “зошто” итн.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Следуваат некои од „тераписките“ практики образувани според оваа перспектива.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие воопшто не ги исцрпуваат можностите, а Дејвид Епстон и јас дискутиравме за други такви тераписки практики на други места (пр. Epston и White, 1990; White и Epston, 1990).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие на крајот секогаш ја прават вистинската работа - откако претходно ќе ги исцрпат сите други можности!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Од друга страна, не ми беше доволно јасно колку моите одговори им помагаа на истражителите да ја отворат Ема, да ја охрабрат или да ја заплашат, за да ги исцрпат нејзините сеќавања и нејзините сознанија за делото во кое учествувавме двајцата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од срце ми се плаче, но тоа свесно не го правам зашто плачењето ги исцрпува силите, води кон попуштање кое значи конечно тонење во ова блато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Петлите премногу ги ангажираат кокошките ”се топорат врз нив и ги исцрпуваат”, рече таа, така што, кутрите, одвај имаат време да несат јајца и да ги квачат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со корењата сплеткани животните сокови ги исцрпија и гладуваа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На крај, кога ќе ги исцрпеше сите прашања, жалосно ќе затресеше со глава. - Седни. Петка од сѐ. Единица само од предметов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тоа е извориштен, обликувачки процес, кој уште од самиот почеток е сосема општествен. ‌Извесна родова ориентација што не е во согласност со хетеронормативната мажественост, затоа, мора да се вградила во машкиот геј-сексуален субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш, не треба да изненадува тоа што ако многумина геј-мажи пројавуваат родово нетипични одлики или ако голем број машки геј-културни практики изгледа дека изразуваат женствени идентификации – идентификации обележани како женствени не преку нужно упатување кон жени, туку преку облици на отстапување од хетеронормативната мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто женственоста не ги исцрпува значењето и содржината на машките геј-културни практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Родовиот идентитет се обликува многу рано во животот на поединецот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со гранките испреплетени сонцето си го затемнија и се задушија. Со корењата сплеткани животните сокови ги исцрпија и гладуваа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)