Онисифор Мечкојад во тие мигови чувствувал дека нешто однатре го присилува да се исповеда некому, да бара воздишка на разбирање и збор што ќе го утеши здрвен и со болка во петиците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Природата, како безумните луѓе се нејзин дел,, не се обидува и неможе да им ги исцери раните и душите на двајцата скарани што и се и не се тоа, Сепак нивните верувања го поделиле небото на две, на Мохамедово и на исусово, небото ја поделило земјата на едниот нејзин крај да лежи осакатен Кара-Демир, а на другиот слепо пати Констатнтин.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Јатата и месечините се распливнаа, небото со своја сила си ги исцери лузните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потта на луѓето и говедата, или мојата, без причина мирисаше на сварена пченка, без причина мислев дека волските очи зреат и пукаат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во некаква мртовечки зелена светлина што му лежела од другата страна на очите гледал танконог белец со проѕирна кожа како удира со копита крај гол куп месо на својот господар, потоа со нечујни скокови доаѓа до јама на чии запалени гранки догорува облеката на неговиот јавач, ја крева муцката кон небото и пишти со детски глас; под гранките догорува мртовецот и никој не ќе знае кога ќе му ја најде черупката дека жилата на челото била сечена - нејасна вина, ништо повеќе, грч на душата што се јавнувал само ноќе; гори мртвиот Дмитар-Пејко, коњот ја издолжува уште повеќе танката шија, копнее по сребрената 'рж на небото или му се моли на некој коњски бог да му ги исцери раните од селанските секири и колови; на жилава гранка зад карпите под кои пред тоа била дружината се мавтаат на ветар скинати узди.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)