ги (зам.) - исфрла (гл.)

Четирите парчиња од крцкавиот тост, за кои тој знаеше дека беа потпечени во нивниот хромиран тостер, кој автоматски ги исфрлаше парчињата тост и што го доби од сестра му Зоја како свадбен подарок, содржеа четири одвоени неверства.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас знаев дека родителите, заради срамот, најчесто ги исфрлале тие млади жени од дома, па тие го завршувале животот од глад, студ, или болест, многу бргу потоа, уште пред да се породат; знаев дека некои од нив, што ќе преживееле до породувањето, го оставале детето во некое сиротилиште, па работеле најтешки работи, заради кои животот не им траел долго; знаев дека имаше и такви кои, не можејќи да го преживеат срамот, а за да ја сочуваат честа на семејството, се убивале без да им кажат на најблиските дека забремениле; знаев дека некои оделе кај приучени луѓе кои им давале да испијат горки течности по што го исфрлале плодот, а понекогаш и самите тие умирале од отровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И овие го послушаа, ја отворија племната и се закопаа децата во сламата, а возрасните ги скрстија рацете и ги удрија главите ничкум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дишери, дишери, дишери, ) — и не чекајќи овие да излезат, ги фаќаа за раменици и ги исфрлаа како партали во дворот на дождот и снегот сред вириштата и калта до колена.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А татко само се наведнува и - фати фрли, ми ги исфрла спиците преку куќа, преку река, а може и преку село ми ги исфрли.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знаеш колку отсечно ги исфрлаше нозете од под газот и никаде да му избега дрвото, да го загуби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се чинеше дека немаат крај, се губеа некаде во мрачната подводна далечина. – Јас вечно ќе ги цицам соковите на земјата и, еве тука ќе ги исфрлам, како в море ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тоа ме води кон претпоставката дека постои дејство или класа дејства, кои дејствуваат врз нашите доживувања на нашите дејствувања, ги бришат од нашето искуство: дејствувањето од оваа последна класа на некој начин делува врз нашето искуство за нив самите, така што ние не ги доживуваме ниту нашите први дејствувања, ниту тие што ги исфрлаат (сега веќе бившите дејствувања) од нашето искуство.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)