„Деструкција“ како категорија не постои во мнозина филозофски речници, а дури не се појавува во ‘keywords’ на Raymond Wiliams меѓу коишто можеме да ги пронајдеме зборовите ‘отуѓеност’, ‘семејство’, ‘технологија’ и ‘насилство’.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Маргина 37 57 едно широко антрополошко поле, каде што фразата „деструкција-во-уметноста“ ги истакнува процесите што ги одредуваат праксите на терминот внатре во самата институција на уметноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тужителот може две или повеќе тужбени барања во меѓусебна врска да ги истакне во една тужба и така судот да го усвои следното од тие барања, ако најде дека она што пред него е истакнато не е основано.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако барањата не се поврзани со ист фактички и правен основ, тие можат да се истакнат во една тужба против ист тужен само кога истиот суд стварно е надлежен за секое од овие барања и кога за сите барања е определен ист вид постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Не можејќи да го поднесат ова нехумано работење, а и поради 89 неколкуте неуспешни обиди на синдикатот да издејствува работни услови кои беа прецизирани во купопродажниот договор со бугар- ските инвеститори, на почетокот од ноември 2008, синдикатот на работниците во битолската „Шеќерана“ решава да отпочне штрајк (на кој се приклучуваат сите вработени освен раководителите и службениците).3 Со отпочнувањето на штрајкот, работниците јасно ги истакнуваат нивните барања: усогласување на колектив- ниот договор со ЗРО, одредување на најниска плата, почитување на работничките права и исплата на регрес за годишен одмор за 2006.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Лошите услови на работа продолжуваат и во наредните години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Македонија веднаш даде согласност за поддршка на Глобализацијата и спроведување на капитал- систем, при тоа сочувувајќи ги сите свои национални обележја, уште повеке од тоа успеа да ги истакне и покаже сите национални културни способности, докажувајки му на светот дека уметноста, црквите, природните галерии кои подзедно ја украсуваат, пештерите кои се своевидна атракција според староста и божјата дарба- сето тоа нема цена што некој може да ја плати!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Забележувам дека светлината која во лето, кога е силна, ги изедначува преслапите на планината таму пред мене, сега, пролетта, кога е поблага, ги истакнува горните делови, врвовите и тумбите, и гледам дека ги има многу, дека не е еден гребен и еден преслап, туку повеќе гребени и повеќе преслапи, дека јас сум далеку, зафатен со расплеткување на пајажината што ја сплел големиот пајак на времето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И нели е тоа причината заради која харемската мисирка безуспешно ја виткаат во најлонски обвивки кои впрочем, уште повеќе ги истакнуваат нејзините облини?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И имајте на ум дека гестикулацијата е составен дел на секој дијалог.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
8) Напишете две страни (или повеќе) некој драматичен исечок (дел од приказна), служејќи се со предмети, предели, временски состојби итн., за да ги истакнете особеностите на двата карактера, како и односите меѓу нив.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Потем логотетот се созеде и почна со зборови најгнасни да фрла по сите нас, освен по Лествичникот; рече дека ќе нѐ распушти, дека ќе нѐ прогони од царството, дека имињата ќе ни одземе, прав и пепел дека ќе нѐ стори, дека за опашки од единаесет коњи ќе нѐ врзе и ќе нѐ влече сѐ додека трае животот на коњот, дека главите наши на кол ќе ги надене и на ѕидините од градот ќе ги истакне, како бајраци на срамот и лицемерието, на неверноста кон себеси, како пример за тоа што ќе ја снајде устата што говори она што не говори душата, и тоа пред тронот владетелски, царски!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој ова го постигна со развивање на деконструктивни методи кои: (а) ги истакнуваат скриените контрадикции во текстовите, правејќи ги видливи потиснатите значења - „отсутните но имплицирани“ значења, (б) ги потенцира знаењата „од другата страна“, они кои се сметаат за секундарни, изведени, и безвредни. 56 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Намерата на Дерида беше да се поткопаат текстовите и да се тестира привилегираноста на специфичните знаења со методите кои “ја деконструираат спротивноста . . . да се отфрли хиерархијата во даден момент”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Но, добив и изрази на силна поддршка – кои сакам да ги истакнам тука, и тоа со длабока благодарност – од Фондацијата триаголник, која е организација за човекови права и за застапување на ЛГБТ што дејствува на ниво на целата држава Мичиген и од нејзиниот директор, Џефри Монтгомери; од студенти, од колеги и од вработени во управата; од многумина дотогаш непознати добронамерници, и геј и стрејт, од Универзитетот на Мичиген, од градот Ен Арбор, од државата Мичиген и од целиот свет.
Во меѓувреме, контактните емисии на радио, националниот и меѓународниот печат ги заплисна порој од џагор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Што се однесува до другите групи и автори нивното приближување кон country повеќе е неочекувано нападно отколку шокантно. Bob Mould го искористи одморот во работата со групата Sugar за да, во потрага по инспирација, привремено се пресели во Austin, Texas, новата мека на country музиката; Kim Deal од The Breeders и Donita Sparks од L7 ги истакнуваат Dolly Parton и Patsy Cline како свои неприкосновени хероини; Henry Rollins ќе ја вклучи Елвисовата “Love Me Tender” на својот нов албум, а песните на Frank Black, Mark Lanegan и Chris Cornell (The Soundgarden) ќе се најдат на новиот албум на Johnny Cash.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Важно е да се каже и тоа дека, за прв пат, јасно беше пропишана обврската на работодавачот да ги истакне правилата за работниот ред и дисциплина на видно место, во работните просто- рии на претпријатието, како и да ги достави до синдикатот (чл. 81, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Моја цел во последно време е да ги истакнам овие две струења и да ги поставам различните насоки во кои тие нѐ водат.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Еден патетичен и весел медиокритет, кој на сожалувањето не му остава никаква шанса. Peter Land d. 5. maj 1994: уметникот, по гаќи и по чорапи, штрчи пред камерата, во ладната и лошо распоредената светлина на една неонка, која брише секаква форма, а ги истакнува сите грешки, слабости и мани.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тој сакаше со помош на уметничката топлина да го излечи германското патолошко затврдување во тоталитарен режим, што се одвивало за време на неговото детство.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бојс имал намера овој принцип да го примени „не само на уметничките форми, туку и на општествените, правните или економските форми па дури и на земјоделските... или образовните проблеми“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
“Кога тие расправаат колку неговото дело е поврзано со претходните философи” тие главно ја истакнуваат неговата критика на Западната традиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со ова се надевам да претставам поизбалансирана слика на Деридината постмодернистичка мисла, и да покажам дека тој е многу потрадиционален, и позападен, отколку што за него обично се мисли.3 okno.mk | Margina #11-12 [1994] 69 2 Една од карактеристиките споделувани од страна на Дерида и постарите философии е интуитивното, иако понекогаш имплицитно, користење на категориите на појава (appearance) и реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во нивните објаснувања на неговата теорија тие обично ги истакнуваат аспектите во кои тој се разликува од традиционалната философија, како што се неговото пркосење на идеалите на извесноста и интерсубјективноста; неговото откажување од метанаративите; неговиот стремеж да ги разложува дистинкциите; отфрлањето на фундационализмот (втемелителството); и неговата разиграност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Според него, осаменоста ги истакнала „можностите на сите луѓе да бидат креативни суштества и... прашањето (формата) за општествената потполност (сеопфатност)“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Па тоа е правец кој... кога сега би го дополнувал Дневникот, мислам дека би одел во тој правец: да се обидам, како порано, да ги истакнам револуционерните достигнувања, а во исто време да се обидам да ги истакнам и неиздржливите видови, статус кво... К: Денес постојат две компании за плочи, едната во Милано, а другата 56 Margina #10 [1995] | okno.mk овде во Њујорк, кои во своите каталози ја поврзуваат од една страна популарната музика а од друга авангардата, и се обидуваат тие музики да ги соединат кај иста публика, истата млада публика. Б: Дали тоа овде е “Томато”? К: Да.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Всушност, Кејџ не го порекнува постоењето на значењето, односно смислениот говор (навистина, во овие дела тој сака пред се да ги истакне оние негови потиснати, запоставени видови), но на неговата визуелна поезија и покрај тоа ѝ недостасуваат конкретноста и полноста на кинеското писмо, или музикалноста и поетичноста на говорот, на пример на Гертруда Штајн или Боб Вилсон.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Таа рамномерно и рамнодушно се движеше по улицата надолу, чиниш во улога на манекенка којашто пловејќи по пистата сака да овозможи да ги покаже сите свои примамливи привлечности што креаторот сака да ги истакне.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)