ги (зам.) - испроба (гл.)

Безброј пати ја почувствувал нејзината сласт и пак гори од желба да ги испроба на дело најскриените варијанти.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неочекувано дури и денешната уметност доби со програмските пакети за виртуелна уметност одличен предмет, очовечен и теоретски релевантен предмет, со кого допирот започнува да се развива и обликува како сетило-теоретичар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во околината на уметничките виртуелни машини допирот не допира за да грабне и да има, туку допира за да може неговиот актер да патува, да сонува и да ги испробува паралелните светови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Затоа, утредента го воделе Бах да ги испроба сите можни оргули во Потсдам, исто како што било со пијаната на Зилберман.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кралот Фридрих најмногу од сѐ бил заинтересиран стариот Бах да ги испроба новите пијана Зилберман, зашто со право му се чинело дека тој инструмент ќе внесе револуција во музиката.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Она што е битно е дека кралот го откажал концертот и го поканил Бах, кој веќе тогаш бил познат како „стариот Бах“, да ги испроба неговите пијано-фортеа произведени од Зилберман, што се наоѓале во неколку сали од палатата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Откако ги испроба сите птици, и оние што живееја во неговата куќа, и оние што правеа седела по дрвјата или во шеварот и трските, започна да јаде и секакви други тишки што природата ги даваше: полжави, ежови, желки, жаби, лисици, гуштери, полски глувци, гушерици, змии.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Попрво, тој значи таа да се разбере како можност за геј-мажите да најдат заменски идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Џоан Крафорд како Милдред Пирс на геј-мажите им обликува и им става на располагање емоционална ситуација што можат да ја истражуваат, за да се здобијат со гледиште за аспектите на сопствената неволја.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Им овозможува да се стават во извесни начини на суштествување и чувствување, да ги испробуваат, да ги споредуваат и да ги критикуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто мајката е и буквален и фигуративен лик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)