ги (зам.) - испие (гл.)

— Та така, велиш, Трајко, виа дни, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пак завиткаа цигара, зачурија и ги испија кафињата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Станаа обајцата. Ги испија чашките пијалак на искап!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски, во ритам на балкански џентлмени, на кои им се добро познати обичаите на ритерството на маса, ги допиваа чашките ракија и мастика без да си дотураат додека не ги испијат до дно и со мезето се служеа со усул.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За Камилски, којшто имаше намален капацитет на консумација по операцијата на стомакот по ослободувањето од Голи Оток, ова беше голем предизвик, но не сакаше да биде под нивото на настанот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Главата по малку ми се матеше поради неколкуте џина кои ги испив, па излеговме малку на воздух.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Истиот зеленикав руски џип, го видов од прозорците на долгиот коридор од хотелот во Влора, кога во долгата, пеколна ноќ, исцрпен од жед одев во собата на директорот на театарот да ги испијам потребните резерви вода за наредното патување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нешто подоцна тој ја замоли Петра да му донесе уште една мастика со „некоја маслинка“ за мезе и им се радуваше на неколкуте чаши вино што ќе ги испие со реш печена кременадла каква што ќе ја порача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Валер ќе стане. И моите и твоите јајца ќе ги испие.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
СЕЛАНЕЦОТ: А, нејќам! Вересија- потресија. Јаже околу врат.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А и парите си ги испив... немам ни скршен мангар.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КОТЕ: Господ што е убаво нека даде, тој да ни ги ујдиса работите, во рацете негови да оставиме. (Сите ги испиваат ракиите и стануваат).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Доктор Коста пронајде во своите сандачиња и кутии некакви лекови и го присили онемоштениот старец да ги испие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И двете на екс ги испија „сокчината“ и продолжија да си разговараат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Но, многу е избришано, бледо, зашто човековото паметење, со текот на годините, е измамливо, понекогаш несигурно, сомнително... иако е пренатегнато и преоптоварено со спомени, кои полека исчезнуваат, одумираат, времето ги испива, ги исцедува и смрачува, ама и покрај тоа нешто останува длабоко врежано и тешко се брише, не се кине и не се откорнува...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Значи, ја растоварија колата, лубениците ги изнаредија во тремот, а татко ти влегува дома со блажена насмевка после добро извршената работа и по двете или трите ракии што обично ќе ги испиеше на пазарот шетајќи по тезгите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А Бугарите, срчка да ги испие немаат за јадење и земаат сѐ: кокошки, кози, сало, сирење, кој има свинче и него му го земаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)