И тие им се заканија на децата да не лавнат негде оти си дојде бацко им, оти живи ќе ги испечат Турците на огнот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Барале и не нашле сунѓерести печурки, наречени смрчки, да ги испечат на жар и само ретко, понегде, можеле да им го грабаат на животните ланскиот желад.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги испекоа пиперките и ги посолија. Мајка му ја постави софрата, изнесе 'ржан леб и седнаа да вечераат...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Навистина не било време на сенокос и далеку било летното созревање на пченките, во брзањето кон нејасните далечини да ги оберуваат туѓите клавчиња и да ги џвакаат млечните зрна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш нејзината другарка издава дека победничката ги купила своите колачиња, наместо самата да ги испече.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Штом сеизедливиот оган ги испече добро, откако жарот се ’згаси, под дебели сенки дружината наша се собра: песната долго се гласи.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Цел месец не се смилува да фрли некое покровче пред жешкото јулско сонце, та така ги испече на животи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Компирите ги испековме во пузата в огниште.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)