ги (зам.) - испее (гл.)

На една од своите трпези, со десетици имиња на монаси издлабени врз трпезата, во зографскиот манастир на Света Гора, седат монасите, дрвена паница велигденска чорба и бокалче црно вино пред секого и откако ќе ги испеат сите молитви и удри камбаната за да ги здружи морето и ѕвездите на прозорецот болснува секавица колку за миг да се види сенката Исусова додека воскреснува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Им се изнагледав на сонцето и месечината, ги испеав радостите, ги истргав тагите и болестите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа во поемата „Ракување“, ќе ги испее стиховите: „О, треба да сме триж силни по дух/ деца на мало, потиснато племе/ во бурава на светот...“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нели тој ми ги испеа оние песни за девојката која низ радоста поминала успана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа девојка, кога се разбудила знаела да ги повтори сите зборови што ги слушнала во сонот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или ќе треба да измислат перверзни односи кон таквите облици или ќе треба да најдат во таквите облици можности или пригоди или дозволи за одредени нестандардни начини на чувствување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, тие изразуваат настрани начини на чувствување така што изнаоѓаат сопствени (дисидентски, девијантни) начини на поврзување со главнотековните културни предмети на кои им се изложени и така што се идентификуваат со особените аспекти на тие предмети кои се или нехетеронормативни или сеотворени за нехетеронормативно чувствување.372 Ова може да објасни зошто некои геј- или протогеј-машки субјекти гравитираат, уште рано, кон конкретни жанрови на дискурот и на чувствувањето, сосе нивните сродни културни облици (како што се холивудските мелодрами и бродвејските мјузикли).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Извесен мој геј-студент се сети дека еднаш, некој летен ден, кога бил многу помалечок (изгледа кога имал околу седум годинки), го заглавил целото свое запрепастено семејство на паркиралиштето пред некој супермаркет, каде што се изначекале додека да им ги изглуми сите улоги од Звукот на музиката или барем да им ги испее сите песни од филмот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еден друг мој геј-пријател, додека сѐ уште бил основец, ја преработил автобиографијата на Кристина Крафорд Најмила мамичке и ја преточил во драма – само што ликот на Кристина го преобразил во машко, надевајќи се дека кога ќе се поставувала драмата, тој самиот ќе ја игра таа улога; промената на полот му овозможувала драмска улога што можела да посредува меѓу неговиот мажествен идентитет и неговата емоционална идентификација со абјектниот, но моќен мелодраматичен женствен пример.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа можело, значи, да биде причина да им се згрутчува крвта в мозок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Однесете го сега во јама, се прекрстил Симон Наконтик: негде зад него, без некој да му помогне, Васко Тушев го спрегнувал добитокот во својата двоколка и во двоколките на мртвите Јане Крстин и Пецо Дановски и само со влажни очи, понекогаш, барал утеха или охрабрување од мартовската соголеност околу себе: ако бил поет ќе ги испеал најтажните стихови на својот народ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога не пее, во сèнешто ќе најде соговорник, макар да е тоа и Верга, со која веќе ги изиграл сите ора и ги испеал сите песни - од почетокот на раселувањето до колективизацијата на селото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да појдеме чекор напред да појдеме чекор кон тебе во росните утра а распеаната пролет да ги собереме најубавите цветови роса и мајска вечер цвеќе и зеленило роден ден и празник да ги испееме најновите песни за тебе татковино, за твојот роденден!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)