ги (зам.) - исмева (гл.)

Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не гледам во што е проблемот. А тврдите дека не сте вљубени. Не знам како да се однесувам со вас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Се однесувате како недораснати. Како деца – ги исмеваше Непознатиот. – На моменти ме вадите од такт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не верував во хороскопи, преданија, знаци. Ги исмевав лековерните среќоверници.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Девојките дури верувале дека во ваквите нивни постапки секогаш е присутна добрата намера, бидејќи токму исмејувањето најбрзо им ја враќа разумноста на лековерните..
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Девојкине што си го замислувале како многу податлив и лесен тој премин од злото кон доброто не можеле а да не си ги исмеваат една на друга желбите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)