ги (зам.) - искрши (гл.)

— Не вар — не јок, ич бише () само тој арамија, Толе Паша, ни ги искрши коските!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Така беше, мудур ефенди, и така ни рече — ги потврдија колџиите зборовите од мифетишот, којшто прв му раскажа на Арслана како поминале денеска неговите колџии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја виде ли пастрмката? Кога го прескокнуваше бранот Прстите на сонцето му ги искрши. (Црвените дамки со кои се дотерува пастрмката, капки се од крвта на сончевите искршени прсти).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Димко му ги искршил прозорците на професорот!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ме избрка и на вратата ми рече: „Рацете ќе ти ги искршам ако уште еднаш те фатам да пишуваш вакви глупости!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ако уште еднаш фатам некого да пушта ливчиња на часовите, рацете ќе му ги искршам!“, рече Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеш да одиш низ една или друга улица, без светла, така што не ги гледаш нечистите еднолични жолти ѕидови, улица по улица, со кучиња кои ќе те бркаат и црнкињи кои не те сакаат и мирис на ѓубре, во социјално-станбените блокови. Тие луѓе се гнасни.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некој ги искршил сите улични светилки и има срча на улицата, а деца си играат на неа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не ми е гајле што овде е поевтино. Тој ми вели, нема што да се грижиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нема да дозволам ништо лошо да ти се случи. Не терај ме да плачам, Мајкл.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Разулавени луѓе влегле во домот за еврејски сирачиња, ги искршиле прозорците, и ги терале децата да трчаат по раздробеното стакло.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со голи раце се фрлив на бегот и, кога му ја свртев пушката со оган и врело железо да го ранува ѕидот, ги видов како се фрлаат на Турците Онисифор Проказник, Орлен Шумков, Никифор Ганевски, Арсо Арнаутче, можеби и другите што беа во собата, можеби и жената и Ганка, и ги видов како доаѓаат како ѓаволи на правдата Онисифор Мечкојад, Куно Бунгур, Наџак-Јанко, Богдан Преслапец, можеби и другите: ревеа, бодеа со ножови и сечеа со секири, но бегот во вртењето ми ги искрши забите со кундак и ме собори, да се грчам ошумоглавено и недоубиен меѓу нозе и под нозе и да слушам машки писоци и ревење и пцости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш сфатив што сакаше пред стемнување да ми каже Арсо Арнаутче и сфатив дека не можам како Никола Влашки да се пикам по голото старче во огниште и да се покривам со пепел и со надеж дека ќе си поживеам незабележан од душманите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тоа на почетокот со дикат, да не си ги искрши забите пред да се разџвака мастиката.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ми е страв. Ако разбере Јон мој, коските ќе ми ги искрши, в раце ќе му се прошетам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Евто ги искрши трските, кладе под нив една рака слама и чкрапна со кибритот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Еден ден од градот дојде и полиција, ја пребара лединката, а потоа ги искрши надгробните камења, ги искрши Кириловите букви со кои беа напишани имињата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Четириесет и петтата Гркот пак се врати и пак ги искрши камењата, а поп Ристо го бараа, ама тој фати гнездо во Врбник.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Драган од ова многу се навреди, па налутено рече: - Ќе му покажам јас на тој мачор! Коските ќе му ги искршам!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Зашто Рогуш на неколку овни во селото им ги искрши роговите.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Уште рано изутрина, веќе капнат уморен... А до вечер, уште колку работи... сѐ на нозе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чорбаџијата сакаше да ми ги исече мустаќите, сега ти сакаш да ми ги искршиш нозете.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ама ти, брат Арсо, добродушен и...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Ако те види, ќе ти ги искрши коските. Кога ќе ти викне: „А, дембел ниеден, арам ми го јадеш лебот“.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Подоцна некој ги искрши и тие седишта, па остана само седиштето на најмалата клацкалка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Понекогаш мајка му на Бане доаѓаше со помалиот син, го клацкаше, а тој се смееше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Малку фалеше да му ги искрши забите!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Скокаше врз неа додека не ги искрши на најситни парчиња.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Треба некој да ве фати за коса, да ви ги искрши коските, да ви ги отвори ушите, очите и носот, да ве смеша, да ве измеле, да ве изгмечи и повторно да ве состави како ново човечко суштество.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мислеше и шега да направи кога ќе ѝ ги искрши јајцата на Тодора со своето гипсено јајце.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Првин самите нејзини жители ги искршија златните врати и прозорци, а потоа почна уривањето и на златните ѕидови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)