ги (зам.) - искриви (гл.)

Еднаш, кога некој за шега му рече дека тие германските чизми што ги носи, му се многу криви, тој најсериозно одговори: - Баму мајте на Немците... од многу одење, марширање и тупање со нозе, ги искривиле чизмите, а кај се најде баш мене да ми паднат среќа?...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одвај видлива насмевка полека ги искриви аглите на устата на О'Брајан додека гледаше надолу во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали имаше нешто во оваа кула што ги искривуваше гласовите, како што огледалата ги искривуваат ликовите?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- На здравје, ги искриви Кузман лицето, ја испразни чашата и грубо ја избирша устата со ракав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Веселите студенти го крстија Наполеон, и улицата го прифати името и ги искриви во Наполјон.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И така, сѐ уште клечејќи, на подот ја посла црната шамија, ги рашири рацете и зареди: - Ристеее, чедо, стани, Ристеее...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Послушно тргнува накај својата рогозина, каде што, ја води Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А со деновите што одминуваат, одвај забележливо се враќа во нејзините очи онака како што на каменот се појавува лишај и како што коренот се пробива низ кремени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А Крстовица првин се стаписа, се слиса, ѝ стежна срцето, се стресе како да ја зграби студешница, нешто стопоти во неа, саклет ја стегна, ја сподави, пред очите сѐ повеќе ѝ се згустува мракот, се свиткуваат гредите, се навалуваат ѕидовите, стега таванот, нозете супрашка ѝ ги пече и санкум скудоумна, олелека најпрвин тивко, болката во липтежот ѝ ги искриви усните, ѝ го огрде лицето и, гледајќи наоколу со молбен поглед, подаде раце...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако мајка му е во Прењес, кој ќе го најде писмото, нека ѝ каже. Јас, Паскал на Аргировци сум ранет...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Овој напор го огрди, уште повеќе го остаре неговото лице, уште повеќе му ги избразди и му ги искриви брчките.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Течат по избразденото лице. Паѓаат врз овенатите лисја на пелинот што расте крај прагот на бараката...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Страв голем ги згрчи грлата, ги скрши рацете и колената ги свитка, лицата ги искриви, се вгнезди во очите, проникна под кожата, влезе во коските, го помати умот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)