Римјаните мешаа, преселуваа, корнеа народи, но никогаш докрај не ги искорнаа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Застанува дедо Иван тажно и гледа. Тој гледа дека е најпаметно да земе сега да ги искорне половината, но како да го стори тоа кога ќе му се смеат луѓето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Јас не сум тој, јас не сум интелектуалец, јас не сум дисидент, јас не сум европеец, според тоа моите хемороиди се поинакви, оти секој газ е поинаков, мојот газ е балкански во секој поглед; кур ме боли мене за неговите хемороиди, и така натаму,“ здушено во себе зборуваше Круме Волнаровски и офкаше од болка додавајќи: „Ќе ги искорнам со прсти, нека истече лошата крв со гомната, да се ослободам од оваа мака, од оваа тежина, и така натаму.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- Арсо се задишува. - Би му ги искорнал дамарите на секој, со заби и нокти, кој би му попречил.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Оф, колку беа озлобени, мислиш со прсти ќе им ги искорнат срцата. Туку нѐ разделија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
По два дена дојдоа некои во униформи, други во цивилни алишта.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не ја почнале, се гледа, за нешто друго, ами за да не искоренат, синко Кире.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дури тогаш, во земјанката, почувствував дека немам татко, дека никогаш нема да го видам, да му речам “тате” да ме погали по глава, да ме пофали, и дека не стигнав да се израдувам со него, а сега, ете, го нема...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ќе доаѓаме секој ден сѐ додека не ги уништиме, така рече Веселин, секој ден ќе доаѓаме да ги искорнеме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во финалето на последното кажување Веселин, Мена и малиот раскажувач ќе слезат кон полето исполнети со дрвени некролози и ќе почувствуваат неодложна желба да ги уништат табличките, тие морничави белези на умирањето: „Сите овие проклети крстови ќе ги искорнеме, рече Веселин, сите до еден.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сакам да го охрабрам. Сакам да му ги искорнам од главата црните мисли.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Васј, секогаш кога сакаш да ми помогнеш ти ме фрлаш таму каде што не ми е местото.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)