ги (зам.) - искара (гл.)

Вечерта мајка и ја праша како помина денеска, a брат и не заборави да и каже дека оној попов шебек често гледа во неа и дека тие со Јошка сакале да го натепаат на одморот ама таа, Неда ги искарала да не се караат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А таму, на Рамник на Горник, над отворениот гроб на мајка си, одржа една проповед во која првин ги нападна грчките владини и писмо, а потоа ги искара и татка си и сите потковичани што допуштиле да бидат измамени од еден туѓинец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некои беа нестрпливи и сакаа да одат да ја земат камбаната уште истата вечер, ама постарите ги искараа, рекоа оти таа работа не е за по ноќе кога луѓето може некаква беља да ги снајде и, не дај Боже, и камбаната да ја загубиме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
— Аир ефенди, кој и машне? Ете, слушна оти и помами да се вратат! — почна да се правда дедот Јован и ги искара пците да се вратат кај овците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многу ги искара. Некни за време на целоноќниот марш Ленка и Марика заостанаа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Шо има да се мешате во нашите работи?“ — ги искара Јован двете жени, и тие веќе не проговорија повторно, зошто им се пушки, кај одат ноќе и кај одат дење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги искара и дедо Ангеле: - Подобро вие помалце да се мрсулавите...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Околу чешмичето седеа десет дванаесет војници со еден онбашија, двајца заптии и двајца витоливци во селски алишта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)