- Не, - рече Коле, - првин ќе ги присилат да ги искажат сите наши, бидејќи до пред малку не можеа ништо да дознаат, а потоа, без пречки, ќе удрат на палење ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Чапаев, со најголема прецизност, ги погаѓаше и најскриените Таткови мисли кои тој не се осмелувал да ги искаже, особено кога велеше: - Бргу ќе дојде времето кога овдешните луѓе, но и соседите, во потрага по нова хармонија, со право ќе си го поставуваат судбинското и драматично прашање: кои биле, што биле, пред сто, двесте, триста, четиристотини, петстотини години?
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Три значајни езуитски писатели на трактати - еден Германец, Атанасиус Кирхер (1601-1680), Италијанецот Емануеле Тезауро Athanasius Kircher okno.mk | Margina #26-28 [1995] 192 (1591-1660) и Балтазар Грасиан (1601-1658) од Шпанија во своето разгрането дело ги искажуваат бројните аспекти на “проблематиката на модерниот човек”, и тоа на најостар можен начин.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Како што овој режисер доследно ги искажува особините на комплексен играч со многу прецизни, постоечки правила, така континуитетот на мотивите, темите и личностите порасна до еден опсесивно сложен систем.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Меѓутоа тие своите креативни можности ги искажаа пред да дојдат во било каков контакт со овие супстанци.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Отсекогаш верував дека ваквите разговори нему многу му годат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тие зборови постоеја и пред да ме затворат, да, и пред тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира дека имам зборови, неброени зборови за се она што се случуваше овие денови во мене. Можам и да ги искажам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сите овие мои размислувања, можеби во некој поинаков редослед, гласно ги искажав пред Боге од Бањи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но тие зборови за среќа беа и остануваат само моја грижа. На никој друг!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Обично е потребен одреден волев напор за да се усогласи изразот на некое чувство со природата на самото чувство – како што покажува мелодрамата на секојдневниот семеен живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А некој таков напор може да им биде крајно нужен на геј-мажите, кои немаат на располагање готови општествени форми за да си ги искажат чувствата и на кои, затоа, секое искажување емоција мора да им се раководи според некоја постојна, хетеронормативна општествена норма или некој таков жанр, на кој нивното искажување може да му биде само имитација или пародија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова, се разбира, не ги искажува моите лични ставови кон прашањево.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истовремено, цитатот на О’Хара ја разголува превжештената реторика на новинарскиот дискурс, исмевајќи го насловот поради мелодраматичната претераност, поради напнатиот напор да нѐ натера да внесеме толку многу горливо и заблудено значење во поситните дробности на животот на некоја ѕвезда која, всушност, не ја ни познаваме – иако жолтиот печат можеби нѐ навел да мислиме дека ја познаваме – особено кога сопствените животи не ни се квалификуваат за исто такво грижливо размислување и сочувство.
О’Хара му се придружува на извикот од насловот, го повторува небаре ги искажува сопствената шокираност и потресеност и си го присвојува исказот пред читателот на песната воопшто да сфати дека О’Хара само го цитира жолтиот печат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Далеку од тоа дека се иззема од хистеричната возбуда што дречливион наслов сака да ѝ ја внесе на масовната публика на која ѝ е упатен, тој радо се асимилира себеси во таа публика, присвојувајќи си ја мелодраматичната реторика на насловот, го цитира и го репродуцира со подбивна сериозност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Генерациски судир меѓу жени, пак, дури и да е најсериозен и најжесток, не може да дорасне над рамништето на мелодрама.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Започнувајќи ја песната со зборовите од насловот и рецитирајќи ги со сопствениот глас, тој активно (односно, пасивно – односно со активна пасивност) ја зазема положбата на субјект што трачерскион наслов му ја натура на неотпорниот читател.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е никакво чудо што геј-мажите ги бие глас дека се склони кон мелодраматичност во своите стилови на емоционално изразување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да зборуваш со сопствен глас, ако си онаков културен простодушник за каков отпрвин се претставува самиот О’Хара, значи да ги усвоиш ветвиот јазик и склоноста кон мелодраматично претерување кои се одлика на новинарскиот дискурс.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Навистина, тие ви се граѓа за возвишени трагедии.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поконкретно, таа сведочи за неминовниот расчекор помеѓу она што се чувствува и она што во кој било конкретен контекст може да се искаже.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Српската влада, под влијание на една група луѓе што мечтаат за „голема Србија“… го забрани издавањето на весникот, така што ние немавме можност да ги искажеме во целата полнота своите мисли за интересите на македонските христијани”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Родителите однапред си ги тепаа едните, да не им текне, другите сами по себе, без ќотек се опаметуваа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И штом се опаметеа, почнуваа да сфаќаат дека може на различен начин да си ги искажуваат мислите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Неговите дилеми остануваа речиси непроменети и тој не се двоумеше да му ги искаже и на Климент Камилски кога го очекуваше тоа утро на вообичаената дебата опкружен со своите книги од областа на историјата и правото со арапски и латинични азбуки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски овие зборови ги искажа театрално, минувајќи крај рафтовите преполни со книги, меѓу кои имаше и некои дефтери со сиџили.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Старите османски зборови кои некако се пробиле низ ситото на балканските јазици, како да требаа да минат низ ново сито со постеснети отвори, низ некакво јазично чистилиште.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко само се насмевна, Камилски се врати на своето место и продолжи: Вие со вашето откривање на битолските сиџили ја задолживте балканската историја во нејзините јужни земји.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Му ги искажав на претседателот Бен Али накусо своите впечатоци од мисијата. Билатералниот биланс. Раздвижените односи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И, секогаш штом ќе почнеше да се смее излегуваше од сенката или поточно сенката наеднаш ќе исчезнеше па таа почнуваше да зборува и многу слободно да се однесува, да ги искажува своите намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
ТРЕТА ПОЈАВА ТОМЧЕ И СТОЈАНКА
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ај да ве оставам малце насамо, да си ги искажете маките, ама само малце, и чесно!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Секогаш ќе постојат работи, мешавина од емоции во блескавите од солзи очи кои нема да може да ги искажеме со зборови, а внатре во душата ќе не притискаат чувства кои ни малку не се проѕирни, тие се длабоки, но далечни, а на усните ќе ни се забележува топол бран од слатки воздишки.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Големите изненадувања што не можеше да ги искаже со зборовите кои ѝ недостасуваа, ги изразуваше со извикот „лааа“.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во малендавите пламенца на свеќите потулено и со стравопочитување да ги искажуваат и редат молитвите за исцелување, добрина и бериќет и да чекаат во надеж дека Горниот ќе ги услиши и ќе им ги олесни маките, болките и болестите; да кажат сполај Господе, ако се роди бериќет, ако се врати здравје, ако дојде принова, ако извор протече, ако дожд заврне... да искажат молежливо клетва, ако...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)