Во тие свои калкулации, политичкиот врв на Велика Британија се обидел, ако може, да ги инволвира и Советите во намерата да се формира балкански блок, па дури биле подготвени тој блок да биде под патронат на СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но таа идеја на Британците секако била задоцнета, имајќи предвид дека СССР, во август 1939 година, потпишал договор со нацистичка Германија за меѓусебна соработка, и заедно ја поделиле Полска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И во информацијата за развојот на движењето на отпорот во Бугарија се известувало дека и таму на површина повторно излегува македонското прашање „кое ги инволвира сите балкански држави во поголема или помала мера“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)