- Никако, ние не ги изневеруваме пријателите. –рече Владимир насмевнат до уши, му беше мило што ме гледа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Имаше слушано како некои мажи, кои знаеле дека нивните жени постојано ги изневерувале, сепак продолжиле да живеат со нив поднесувајќи ја измамата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
А и како да ги гибаат кога козите во сите војни не ги изневеруваа ни победниците, ни поразените. На сите верно им служеа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Остануваше во своето верување од светите книги дека Бог никогаш не ги изневерува трпеливите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Да чекорам по туѓи патишта, иако во срцево носев болка тешка, зошто знаев дека повторно ги изневерувам моите чувства и не верувам никому освен на сопствените лаги.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Постоев заедно со мрачни сеништа, нив им ги дадов моите детски соништа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)