ги (зам.) - изнатепа (гл.)

И така двоејќи ги како волкот што ги двои овците, ги изнатепа и ги разбрка сите, а потоа ѝ помогна на Видуша да слезе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Во Македонскиот народен театар претставата на Љуша Ристиќ ќе може да се игра подолго затоа што се завршува кога Чак Норис ќе рече доста, а доста ќе рече откако ќе ги изнатепа сите што, според него, го прекршиле законот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И можеби дедо Бошко ќе одбиеше, и Луман, како што имаше обичај, ќе ги изнатепаше сите по дома, некого ќе убиеше или дури и куќата ќе му ја запалеше за да си ја покаже силата, но сега тоа не се случи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)