Го правеа во чест на мажот и жената, во чест на ѕверот, во чест на Бога.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Го правеа затоа што беа распуштени, дома на слобода, живи и интимни, затоа што повеќе не можеа да чекаат, не можеа да го чекаат одредениот час, точното време или температура, не можеа да ја чекаат иднината, месиите, мир на земјата и правдина за сите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Беше продал досега повеќе такви книги низ целиот Медитеран, и, задоволен многу поради тоа, сега повеќе се посветуваше, и без очигледна желба за корист, на душевните проблеми на пријателот, кои најчесто вешто ги измислуваше и комбинираше, додека да ја дознае неговата вистинска тајна.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Го правеа пред огледала и притиснати на стаклото во туш кабини, го правеа на ѕидови и на мебел на начини кои наметнуваа претходно незамисливи акробатски вештини што тие во тој момент ги измислуваа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Му раскажував прикаски што сам ги измислував.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
- Паметам, иако сите ми се испомешани – признав. – Зошто никогаш ниту една од тие приказни што ми ги измислуваш немаш запишано на хартија, па да можам после пак да си ги прочитувам?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Присили се да се ослободиш од сликите што ги измислуваш.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Штом го виде Свановото лице, таа го промени тонот: - Ти си бедник, уживаш да ме мачиш, да ме наведуваш на лаги што ги измислувам само за да ме оставиш на мира...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)