Виде оти ја напуштија борбата сите, им удри уште неколку залпови во правец на конакот и казармата, си го јавна својот коњ и со другарите, го напушти и тој „бојното поле" со тешка тага на душата што не го турна Арслана од мудурлакот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Аскерот ги забележа голораките дедо Колеви востаници по чуките, а сигурен дека немаат оружје, се назагнаа живи да ги излови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А овдека чуката од двете страни е гола, а што е најглавно, ги знаат точно каде се, та ќе го насочат нападот точно на нив, ќе ги опколат и сите живи ќе ги изловат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дури така беа во недоумение, дотрча одозгора и Ивановиќ којшто исто ги слушна буриите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)