Друг да ги изговореше, или да му се спротивставеше со поблаги зборови, сигурно ќе беше земен на одговорност, ќе му се покажеше каде му е местото, и нему и на другите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И тоа беше една од малкуте реченици што ги изговори.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ечи од благослови што ги изговараат присутните.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа тие вечно се милуваат и се љубат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Едното значење беше дека не се верни оние зборови што ги изговори тој во стравот, а дека е верно оти нив ги сврзува најчиста љубов.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Го гледаш Јуриј Андреевич како излегува од трамвајот и паѓа во грч, не можејќи да ги изговори четирите сакани кобни букви – се поистоветуваш.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Во еден миг, почна тешко да ги изговара зборовите, речениците остануваа недоречени, неразбирливи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сега кога постои, вие треба... (последните зборови ги изговара тивко) Питон: Што?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но само што ги изговори првите зборови од песната, тој веднаш им се сврти на пејачките и, гласно, самоуверено, им свика, повторувајќи го со мака зборот: - Фаајрон, фаај...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Од каде таа знае дека било страшно, и колку лесно ги изговара сите тие зборови: комунизам, транзиција, посткомунизам...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој веќе ја води. Ѝ ги изговара зборовите од Тибетанската книга за умрените.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сепак, зошто воопшто би ѝ се јуначел на таква стигма ако претходно не бил врбуван преку (постарата и пожилавата) моќ на поттикнувањето?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, ако сега трпи театар чии посетители го маваат со овошје, тоа е затоа што желбата да изведува најпрво му се подбудила другаде, преку едно толку поохрабрувачко калапење на театралните идентитети и односи, што, всушност, сѐ уште не ни излегол од таа прва сцена, каде што токму откако ги направил првите чекори или ги изговорил првите зборови, ќе пеел и ќе танцувал за жена што го повикувала да изведува и го фалела со аплаузи уште пред да заврши, го бодрела кога ќе се подизгубел, самата пеејќи и танцувајќи, речиси како баш тој да ѝ е алтернацијата за некоја улога што таа не можела да ја одигра, дали од великодушност, од срам или од нешто друго.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мајчиното одобрување го иззема синот од терористичкиот надзор и од терористичкото спроведување на машките полови улоги, додека неговото идентификување со неа му овозможува пристап до просторот на самата изведба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Седнував во аголот од малечката просторија, и гледав како неговиот поглед се движи по страниците од книгите, како неговите усни се придвижуваат дури немо ги изговараат прочитаните зборови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Насетуваше страв во кој тој би бил пајакот а сите оние невидливи зборови за кои стрепеше дека некогаш некој ќе ги изговори или уште полошо, некој знае за нив иако не ги гледа, а тие знаат за тоа и стрпливо чекаат со чувство, дека им е сосема сеедно - порано или подоцна, дека тој сѐ позачестено се откриваше во пајажина за која никогаш и под ниеден услов не би можел да признае дека е негова, тој, од него.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
ЛУКОВ: (Задоволен од ефектот на своите зборови, пак надмоќен и циничен.) Не присилувајте ме, Ви се молам, госпоѓо Христова, да ги изговорам гласно работите на кои им се противи моето домашно воспитание?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Да, Арсо вдахнува доверба, и со движењата, одмерено вешти, и со ова тенко бледо лице на млад благородник и со ведрата синевина на очите, и со необичниот акцент со којшто ги изговара француските зборови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да ги изговорам. Потоа не знам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На нив остануваат парченца леплива кожа, соголеното месо црвено чади. во неговата свест се се меша: далечни мириси, лица, спомени, зборови, негови и уште нечии, и не знае веднаш кој и кога ги изговорил ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Без да наведе, ги изговори зборовите на Борхес: Ќе оставам сонцето и месечината да си проигруваат со мојата бедна судбина! Чудесно речено, пријателе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Причина човекот да му се предаде на касметот! коментира Татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, кој изворно го знаеше турскиот јазик, како мајчин, внимателно го слушаше Камилски, како успешно ги изговара турските зборови и како беше проникнал во нивното присуство во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој, како и Татко, автодидакт во лингвистиката, по свој пат доаѓаа до сознанието од науката за постоењето на балканскиот лингвистички сојуз, до кој не беше дојдено со некаква присила или мировен договор, туку според логиката на долготрајниот соживот на балканските народи со различни јазици, вери, националности, обичаи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Прекршени зборови расфрлани наоколу, ги згазиваме пред да ги изговориме.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Неговите пријателства, неговите забави, неговото однесување со жена му и со децата, изразот на неговото лице кога е сам, зборовите што ги изговара в сон, дури и карактеристичните движења на телото, љубоморно се испитуваат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Наскоро научи да ги изговара оние зборови кои секојдневно му беа потребни.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Митра ги слушна сите зборови што ги изговори Чана и во себе чувствува некоја посебна среќа и гордост.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Затрчани, зачнати од штотуку слушнат разговор или фришка мисла, анти-упатствата некогаш така едноставно, така непланирано, сами си се регистрираат.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Зошто секое антиупатство (Хорацио, поради брзината на говорот ги изговара заедно) да не добие свој наслов?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Човекот што ги изговара овие зборови првин покажува дека доаѓа со добри намери, а второ, и луѓето кај кои доаѓа ги смета за добри и очекува од нив со добро да го пречекаат.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Братучедите ги запоткреваа рацете готови да почнат повторувачќи да ги скандираат зборовите што требаше да ги изговорат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Сакав да ја поправам, да научи правилно да ги изговара, но се откажав, со олеснување забележувајќи дека сме мошне блиску до Маврово.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Мамо, ваква била тетка Оце кога била мала, и ти си морала, исто како јас сега Дена, постојано да ја занимаваш?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)