ги (зам.) - извлекува (гл.)

Пролетта ги извлекуваше пијавиците од подводната почва.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
После го прашуваа потсмевајќи му се со селска итрина во црвените очи: „Зошто не пиеш со нас, попе?“ Шишето се лизгаше од рака до рака, се празнеше, ги извлекуваше пред нивните очи шумските ѓаволи од притаените грмушки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од нејзиното светкаво сечило се кинеше превезот и ги извлекуваше од рамка старите, смешни човечиња на Рембрант.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Седнува само да ја движи рачката на мевот и да ги извлекува торбите со земја. А всушност целиот е кај карпата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иван ги извлекува торбичињата со ортома и ги испразнува во сандакот. Потоа го покрива со хартија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Змејко лежеше во својата постела од неколку ложници од овчи штавени кожи, што го обгрнуваа неговото тело и просто како да ги извлекуваа од него сите болки на измореноста, оставајќи го издолжен и отпуштен; сосема лабав.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сомневањата на Доце Срменков и на уште неколцина се разнишале: можеби попот и не запалил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го виделе: станал и се тетеравел кон некаква крива колиба зад манастирот со чекор како да ги извлекува козјите нозе од глекаво калиште додека мантијата, црно знаме на жив костур, и без ветар потрепетувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така би и со една книга од татковата библиотека, која не беше групирана, како другите од кои подоцна синот-наратор ги извлекуваше глобалните метафори (од книгите за козите, за јагулите, за јаничарите, за кадиските записи - сиџилиите, за јазиците, за религиите), туку таа беше во ракопис, составена од многу веќе пожолтени листови, безброј записи, како делови на еден незавршен книжен мозаик.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајките од смртната прегратка ги извлекуваа своите рожби со млекото на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И козите добиваа сила. Речиси ја мелеа самата земја, ги извлекуваа нејзините последни сокови, пред да исчезнат во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од поуките што ги извлекуваше од своите книги за падот на големите империи на Балканот, а падот на Отоманската империја и самиот го доживеа во Цариград, длабоко жалеше што неговиот живот, животот на неговото семејство, се совпадна со фашизмот, па сега и со сталинизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги извлекуваш стапалата од некои диви капини и папрати и не знаеш дали бегаш од некого или бркаш некого.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)