Фотографиите се распоредени во навидум случајни групи во металните рамки, без некој обид да се обработат хронолошки или по теми.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И не само што Бојс не оставил никакви индикации за начинот на нивното излагање на плочите, тој исто така ги отфрлил и назнаките кои би можеле да ги идентитикуваат делата и збиднувањата што се претставени.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Неговите движења стануваат стереотипни и така му овозможуваат на антропологот низ нивниот ритам и стил да ги идентификува неговите национални, па дури и регионални карактеристики.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Купете книга која ќе ви помогне да ги идентификувате вистинските и избегнувајте ги отровните печурки.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Посебно значење му се придава на тоа, што тие практики им наметнувале на индивидуите во врска со нивните односи со самите нив и во односите со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Овие екстернализирачки разговори го “егзотизираат одомаќеното”, на тој начин што со нив индивидуите ги идентификуваат личните приказни и културните сфаќања коишто ги живеат; тие приказни и знаења ги водат нивните животи и го одредуваат нивниот идентитет.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Од овие екстернализирачки разговори произлегува нешто што би можело да се нарече контра-јазик или, како што Дејвид Епстон (David Epston) неодамна предложи, “анти-јазик”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Преку овие разговори индивидуите се во состојба: (а) да го одредат степенот до кој овие практики се составен дел од нивните животи како и од животите на другите, (б) да ги идентификуваат оние индивидуални и интерперсонални односи коишто можат да бидат оценети како исцрпувачки, (в) да го признаат степенот до кој тие биле вовлечени во ова контролирање на сопствените животи и, исто така, природата на нивното учество во контролирањето на животите на другите, и (г) да ја истражат природата на локалните, регионални политики.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
А штом ќе се обележат со таа етикета, страдањата им стануваат еднакво несериозни – и, на крајот, еднакво потенцијално смешни – како жените и рајата од средниот сталеж чии страдања презрениот жанр на мелодрамата, со својата изместена сентименталност, ги сфаќа сериозно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако се навратиме да ги испитаме трите случаи на настраниот субјективитет кои Милер му ги припишал на протогеј-машкото дете од 1950-тите години и кои ги идентификувал како „рани претсексуални стварности на геј-искуството“, гледаме дека не се состојат од аспекти на вродено патолошко обликување, туку од психички записи врз субјектот на патогените последици од живеењето во еден хомофобичен општествен свет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Машкото геј-присвојување на Ritorna vincitor! имплицира не само меѓуродова идентификација туку и истополова еротска желба, не само женствена субјектна положба туку и хомосексуална и мелодраматична положба – став на очајничка, забранета желба за воин јунак.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Меѓу механизмите за справување со општествената доминација за кои Адам сметал дека им се заеднички на разните угнетени групи што ги проучувал беа и оние што ги нарекол „бегање од идентитет“ и „внатрегрупово непријателство“.440
Овие фрази упатуваа на општествените и на индивидуалните стратегии преку кои припадниците на угнетените групи гледале да ги смалат личниот цех и психолошката болка на општественото отфрлање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо тоа, етикетата „мелодраматични“ им ги идентификува страдањата како само патетични.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Преземајќи ја како колективен субјект на изговореното персоната на пленицата, на предосудената принцеза што трагично се вљубила во јунак војник и рекапитулирајќи ја хетеросексуалната театралност на љубовната приказна, цитатот иронично им конструира на обожавателите на тимот една женствена субјектна положба на страсна, занесена, очајничка и престапничка сексуална желба, во која се комбинираат женствената родова улога, хомосексуалната желба, мелодраматичната театралност, расната различност и субверзивната остроумност.
Поконкретно, оперскиот цитат упатува на возможната еротска поврзаност меѓу обожавателите, кои го изговараат поздравот, и припадниците на тимот, кои на турнирот ќе ја претставуваат спортската сала не само како протагонисти туку и како сексуални партнери (или можеби како посакуваните сексуални партнери) на (некои од) нејзините членови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако поимот „мелодраматичен“ е погрден за туѓите чувства, ако ја поткопува автентичноста на туѓите чувства и им ја одрекува на тие луѓе положбата што е нужна за општествена ополномоштеност и, со тоа, за сериозно разгледување, тоа е затоа што одбива да им ја укаже на нивните страдања аристократската и мажествена достоинственост на трагедијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, тој останува нерасколебан во напорот да ги лоцира тие вистини, а особено да ја открие општествената и емоционалната логика што во народниот ум геј-мажите ги идентификува со Бродвеј, како и во геј-културата и во одживеаното искуство на многумина геј-мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како компаративна студија за Црнците, Евреите, лезбејките, геј-мажите, логорашите во концентрационите логори, за децата и за другите штитеници на „тоталните институции“, таа беше ран класик на лезбејските/геј-/квир-студии, а и денес вреди да се чита.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сепак, како што прв би признал Адам, и како што укажува неговото подоцнежно творештво, премрежињата на инфериоризацијата и абјектноста не го објаснуваат докрај и не го исцрпуваат значењето на појавите што се обидувам да ги истражам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Адам, кого веќе имав пригода да го цитирам, ја објави својата докторска дисертација (која стана првата од многуте негови книги), по име Опстанокот на доминацијата: инфериоризацијата на секојдневниот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Повикувајќи се на стандардната поделба меѓу кралици и трејдови, тој ги задева членовите на салата, повикувајќи ги да се идентификуваат со говорничката што ги изрекла зборовите, а со тоа и самите да се постават како кралици, а спортските јунаци од одбојкарскиот тим да ги идентификуваат со нејзиниот бучовски воинствен предмет на љубовта и така да ги претстават како трејдови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа го дисквалификува туѓото страдање како недостојно за нашето целосно сочувство и ги унижува туѓите емоционални животи зашто немале висока сериозност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, во основа, бидејќи културата е повеќе од само маса на поединци, таквите статистички карти, иако имаат многубројни импликации, сепак, може да не ги идентификуваат главните културни црти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Може ли поинаку да се објасни како тоа некакви геј- мажи во Австралија во 2000 година инаку би сфатиле некојси виц што се потпира врз заедничко познавање на нејасни делчиња од американската култура од крајот на 1940-тите и од почетокот на 1960-тите – упатувања кои практично никој од моите студенти никако не успеал да ги проникне и да ги идентификува?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така, во контекстот на одбојкарскиот турнир, геј-присвојувањето на тие зборови му вбризгуваат имплицитно сексуален елемент на односот меѓу тимот и клубот што го поддржува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се обидувале, на пример, да избегаат од сопствената бележаност на која се должела нивната инфериорна положба одбивајќи да се идентификуваат со групата во која спаѓале, покажувајќи нетрпеливост или презир кон другите припадници на групата – особено кон оние поединци што биле понеизбришливо бележани од нив со стигматизирачките знаци што ги идентификувале како нејзини припадници – и избегнувајќи контакти со луѓе од сопствените заедници.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
145. Во случајов Мисирков неправилно ги идентификува народите со феудалните владетели, зашто тие договори не се правени помеѓу народите, коишто никој и никогаш за ништо не ги прашувал, туку помеѓу суверените од разните држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Им треба долго време да ги идентификуваат.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Њутн и неговите современици, во осумнаесеттиот век, се надевале дека ќе можат да го претскажат поведението на секој сложен систем со тоа што ќе ги идентификуваат сите делови и ќе ги изучат сите нивни меѓусебни заемодејства.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
22.00 Чешањето е знак кој често ги идентификува наркоманите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Забите на еден џанки секогаш изгледаат полошо одошто се, а тоа е затоа што забораваат да ја отстранат црната леплива карамела и заспиваат пред и да го завршат пушењето. 83
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Зарем не е фрапантна блискоста помеѓу мајката и таткото со јагулата, кои ги идентификува само жртвата со вечното раѓање?
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тој исто така е многу критичен и ревносен да ги идентификува поголемиот број наши интуитивни и саморазбирливи предрасуди и потоа да ги стави под прашање.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Останатите модернисти исто така сакаат да ги идентификуваат и да ги стават под прашање нашите најосновни претпоставки.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
„Не-здраво-разумноста“ стана еден од заштитните знаци на неговата теорија.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Фрлете ја тогаш во огон”.18 Дерида исто така се чини дека го споделува модернистичкиот антипредрасудски етос.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А Хјум препорачува за секоја книга да се запрашаме себеси „Дали таа содржи какво и да е апстрактно расудување за квантитетот или бројот? Не.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Дури откако ќе го направи ова, тој внимателно ги допушта во системот оние ставови коишто ги поминуваат неговите тестови за извесност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)