ги (зам.) - зголемува (гл.)

А тешкотиите?!... О, со каква страст размафтуваше таа со нив!... Секогаш ги зголемуваше. Тешкотиите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Лошо разбраните народни идеали само ги зголемуваат народните несреќи, без да му донесат полза на народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите ние, ненаметливо, ги зголемувавме Мајкините средства наменети за сиромашните од нејзината улица.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Новите врз старите граници само ги зголемуваа варијантите на балканските лавиринти.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)