ги (зам.) - запознава (гл.)

Така, на пример, ги запознавав со онаа техника на прстите што си ја бев изработил за владеење со десниот чевел.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Почнува да го чувствува влијанието на Маседонио Фернандес, татковиот пријател, поет и раскажувач, кој негува еден парадоксален хумор налик на Алфред Жари.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1921. Враќање во Буенос Аирес. Борхес се одушевува со повторното откривање на својот град.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го основа ѕидниот весник Prizma. Го пишува „Манифестот на ултраистите“ објавен во списанието Nosotros.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Покрај малечката Пелагија која, чврчорејќи шеткаше наоколу, со претходна дозвола од мајката Перса, Мурџо ги запознаваше мирисите на одајчето.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На домот му требаше женска рака, па по наговор од татка си, само што почна да ги запознава убавите страни на младешката слобода, за кои и покрај работата наоѓаше време, Јаков набрзо требаше да се жени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги запознава значајните шпански писатели Ортега и Гасет, Хименес, критичарот Гиљермо де Торе кој ќе се ожени со сестрата на Борхес, Нора.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)