ги (зам.) - замоли (гл.)

Па ако ви е толку внуш за јагне, имам и јас три четири, стопанка му, ќе појда утре ошче рано, ќе свиткаме и ние едно како чорбаџиата — просто ги замоли Тодор гостите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ќе ме водите кај него — ги замоли Ѓорче и уште истата вечер тргна со двајцата свои четници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тогаш и со вас да се делиме, макар со тага на душата, — проговори Ѓорче, a Петре ги замоли поп Пана и Милана од Беловодица да им бидат на услуга уште некој ден и друг на костурци и да ги испратат барем до Скочивир, да ја прејдат Црна, та понатаму нека си водат сметка тие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе светнат посветли дни, ќе се исправат грешките и ќе дојдеме до слободата. Само трпение и цврстина препорачувајте.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— О, добредојде, господин Ѓорче, добредојде!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ордета и Пискулиева ги сретна еден ден на улица нивниот земјак Миле Петровски и ги замоли да го примат само за една вечер на спиење.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
__ 27) меризување - пладнување, одморање, 28) ѓаур - христијанин, неверник, 29) ефендија - господин
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Старецот го грабна писмото и отиде кај турските власти да ги замоли да ги запрат потерите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ѕвездите трепереа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Без никакви формалности, обраќајќи им се на Даниел и на неговиот брат, кои го ѕидаа внатрешниот ѕид, таа директно ги замоли да ѝ ги заѕидаат нејзините добри мисли во тулите на таа куќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тогаш го спасија римските војници и кога го извадија од толпата и сакаа да го спроведат во окови, ги замоли да му прозбори на народот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мораме да бараме помош од мајка ми, или од татко ми, да им се јават на Вале и Ставре – кои им се добри пријатели, и да ги замолат Мила до подоцна да се задржи кај нас и да вечера.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Па и тоа понекогаш не помага.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Доколку не постои основ за соживот, ти преостанува само да викнеш специјална екипа (слична на Гоуст Бастерс) која има за задача на мирољубив и достоинствен начин да ја спакува целата фамилија, да ги замоли да влезат во еден голем кафез и да ги однесе на стотина километри на север.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Затоа, у оваа прилика, би ги замолил за прошка Блаже Конески и Круме Кепески, како и сите О'риѓани и Битолчани (и Битолчанки)... ...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
„Какви свадби ти влегле во умот”, му велеа старешините кога ќе ги замолеше да го пуштат, „ти си изветреан: се чека фронт да се отвори, а тебе умот ти е по свадби!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Рече: „Прво ќе наминам кај другаркине од Антица и ќе ги замолам да одат дома на поседа со работа.“
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Полардовите не беа слушнале ништо сѐ додека таа храбра млада жена, со која се беа спријателиле преку летото, не ги разбуди со телефонски повик во два часот по полноќ, кога напаѓачот конечно заминал, а таа успеала да се ослободи пресекувајќи ги траките со кујнски нож, и ги замоли едниот од нив да ги причува децата коишто сѐ уште спиеја додека другиот од нив ја превезе до најблиската полициска станица и болница, за да може да го пријави силувањето и да добие лекарска помош со најмали можни последици врз децата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Почнете со тоа што ќе признаете дека освен мене сте ги замолиле и турскиот Кајмакан и бугарскиот поп Велков да ве критикуваат и да ве учат како да се однесувате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Дента кога започна офанзивата на Грамос, Маријанти ги замоли албаннските морнари на врбата да стават звучник.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Јас сакам да останам овде,“ рекла Добрата Душичка, стуткувајќи се во креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иако доктор Гете претходно ги замолил да не ѝ кажуваат дека ја водат дома, им рекол да ѝ кажат дека ја носат на некаква прошетка, браќата ѝ рекле дека ја враќаат дома, засекогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се скамениле од чудо кога непознатиот, откако ги замолил да го примат на бродот, го споменал и своето име - Полип.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги замоливме родителите да ни ги вардат козите додека не се вратиме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Напати ќе им довикне нешто, ќе ги замоли за мала услуга, ќе им подели совет.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)