ги (зам.) - замислува (гл.)

Никогаш не ги именуваше, дури ни во мислите, и толку колку што беше можно, никогаш не си ги замислуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ѕвездите си ги замислуваше како свеќички а свеќичките горат и догоруваат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Татко ги замислуваше идните дискусии за индивидуализмот на Балканот од позиција на семејството според источната традиција во неколкувековниот период од отоманското османското владеење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Една постара професорка со дебели наочари, какви што ги замислуваме оние од „старата школа“, кои на почетокот од кариерата на немирните им удирала заушки и ги потчукнувала со врбов стап, сега молежливо гледаше во професорот до неа, нервозно врткајќи се на столчето.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Напати и сега ми се причинува дека се движам помеѓу шепотењата на збунетоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И прелетите на дивите гуски морав самиот да си ги замислувам бидејќи тие, и кога ја прелетувале планината, избирале подолни патишта, веројатно над пониските падини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги замислував старците со своите бескрајни партии домино, под топлите капки на вода од алиштата закачени меѓу полураспаднатите шперплочи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ги замислував новите пукнатини во мајкината душа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во неколку мигови, наместо насмеаното лице на Кристина, си ги замислував цревата како се измачуваат во кафеавоцрната темнина на мојот стомак, пред очи гледајќи ги сите суви изџвакани меса како тегобно се препелкаат низ мојот желудник, потоа немајќи место да се симнат надолу.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа мораше да најде излез од лавиринтот на Татковите илузии кој ги замислуваше спасоносните излези, уверен дека постојат и дека се тука, блиску.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)