Ареалот на кирилицата По потиснувањето на глаголицата, кирилицата „ги зазеде“ следните области: Македонија, Бугарија, Србија, Романија (до 1860 година), источните словенски земји: Русија, Белорусија, Украина.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А ова ви е просто, обично и најчисто англиско писмо: елеганција нема каде понатаму, тука сѐ е убавина, бисер, перла; тоа е завршено, но еве, има и варијација и тоа, пак француска... истото англиско писмо, но црната линија е малку поцрна и подебела одошто во англиското, така е пропорцијата на светлината нарушена...“
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Можеби, треба да формираме партија на „нервозни драмски уметници”, па да ги заземе канцелариите на министерството за култура (кај споменикот на паднатиот борец), ама не верувам дека нешто ќе добиеме со тоа.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Лајбах прогласија своја држава со државјанство, пасош, визи...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
- Да, ги нападна Бузо со неговите и ги зазеде.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И така аскерите ги зазедоа куќите, a селаните ги преселија децата во племните. Co стискаа, мрзнеа, боледуваа; изумреа сите деца под една година и старците, додека пукна пролетта да се постоплат на сонцето тие што останаа живи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од Арангела, кога падна еден снег, до стреи, одвај кај Мученици се распраи времето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во т.н. Бели Цркви останал на логорување три месеци, а потоа ги зазел Пелагонија, Трикала и Костур.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Норманскиот војсководител Петар Алиф ги зазел двата Полога, а грофот Пунтес го зазел Скопје.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Токму нејзината изведба, на крајот на краиштата, ѝ донесе Оскар на Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А не го смалило ни задоволството на тие второкласни изведби, како што покажува Најмила мамичке (и нејзиниот геј-култ).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Секоја сцена ја искушува публиката да ги заземе обете страни во кавгата што ја прикажува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Изведбата на Џоан Крафорд во Милдред Пирс очигледно е изведба што секој кому мелодрамата му е по вкус – односно, секој што не може да ги заземе, што не посакува и што не може да се стреми кон величието и престижноста на трагичната возвишеност – не може да не ја подражава или да ја преизведува.
Сигурно, ненадминливото подражавање на Џоан Крафорд на мајчинското мачеништво и абјектност не ги одвратило поненадарените исполнители да ја „играат“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму таа избувливост се доловува со двојната фокусираност кон мајката и ќерката во сцените од Милдред Пирс и Најмила мамичке.
Силината на тие сцени може делумно да му се припише на начинот на кој го повикуваат гледачот да се идентификува со секој од ликовите, на начинот на кој повикуваат на истовремено емоционално соживување со бунтовното дете и со огорчената мајка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И токму нејзината изведба, како што забележа Итан Морден, им буди на геј-мажите завист и очај.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За да знаат дека од приморјето, од некоја гладна земја Арапија, ќе допливаат до нив накострешени стаорци со болештина во мочката и во лигите, ќе ги заземат во густи глутници куќите и трлата, ќе изгнасат и човечец и коза, сиротинска доилка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Војната на птиците е претскажување за крстените и некрстените.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Квалифицирани американски и европски управници се канат да ги заземат сите крупни (и ситни) раководни места, според договорот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А сега, дојде времето на повикување на Рјурик.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Кога после, при крајот на војната, српските војски, здружени со француските, се обидоа да ги прогонат, тие цело лето, целата есен и целата таа зима куртулуваа од пешадиските, артилериските и авионските напади.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Првин бугарските, во есента во 1915-та, а потоа и германските војски, енергични, откако ги прогонија Србите од Потковицата, веднаш ги зазедоа и Чауле и сите стратешки позиции, а падините на ридиштата, и горе над шумата и долу под шумата, ги ишараа со окопи, направија, замјанка и чекаа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оливера Срезоска, како член, и Трифун Трифуноски, исто член на најсвечен начин ги зазедоа своите места на испитната маса.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Евразија, на пример, лесно може да ги заземе Британските Острови, кои географски се дел од Европа, или, од друга страна, Океанија би можела да ги поттурне своите граници сѐ до Рајна или до Висла.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако успеат да ја земат контролата над цела Африка, ако ги заземат аеродромите и подморничките бази на ' Ртот, тоа ќе ја пресече територијата на Океанија на два дела.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од десната страна на масата на која седевме со мојот адвокат, на долга клупа, поставена дијагонално, ги зазедоа своите места неколкумина сведоци.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Та го видоа сите во заседата и се прекрстија. И веќе ги зазедоа сите на нишан тие што беа пред нив.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На тој начин и овој табур напредуваше и ги зазеде селцата Манастир и Мелница, ги ограби, и кога дојде до Витолишта, го најде во него скопскиот бег со илјада души сила кој го правеше истото.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Истовремено, нашите единици посебно треба да го зголемат отпорот на линијата Грамос - Скирца - Ќафа - Суфљакас - Скала - Чрно - Краставец со цел противникот да се задржи, поправо да се спречи колку е можно подолго време да ги заземе овие планински врвови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нѐ викаат да ги заземеме старите функции.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)