Министерството требаше не само да ги задоволува многукратните потреби на Партијата, туку да ја повторува целата операција и на еден понизок степен, за потребите на пролетеријатот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Подетално, би рекол дека шемите се програми кои ги задоволуваат следните критериуми: 1) тие служат и за репрезентација на перцептивните структури и како подсистеми за дистрибуирана моторна контрола; 2) шемите можат да бидат актуелизирани (instanti- ated).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Спиев со Ина, се парев со неа, ја обожував; по три месеца изведување на точката со скалата, веќе вежбав на трапез и станав третиот во точката на Ина и Светлана; ги прошетав сите европски градови; читав многу и се дружев со вистински луѓе, носев вистинска облека и пиев вистински вина; потем раскинав со Ина и своите потреби ги задоволував со многу жени од надвор; но со Ина останав сврзан со папочна врска и натаму, и вообичаено, спиев во нејзината приколка. Таа ми беше спасител; сѐ на овој свет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сѐ што не е наведено во поканата - можете да го сметате за дел од изненадувачкиот процес. * Доколку изненадувањето наведено погоре, не биде пријатно или не ги задоволува вашите очекувања - парите нема да ви бидат вратени!
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Ништо од тоа не ги задоволува барањата на принципот чијашто содржина е живото единство од сили, живите ерупции на смисла и уживање.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тоа не значи дека сите позначајни датуми од повеќевековната историја на нашиот град нема да ги сретнеме низ страниците на оваа книга, туку дека тие, ако ги има, тогаш се во функција на книжевно - уметничката вистина и ги задоволуваат основните критериуми на книжевниот облик - расказот. 48 okno.mk Поместените автори во изборот Скопски раскази не � припаѓаат на иста книжевна генерација, ниту пак, се со иста книжевна оријентација.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Мелодрамата е буржујскиот наследник на трагедијата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Па сепак, геј-ослободувањето и од понеодамна, движењето за геј-правата не ја поништиле општествената и идеолошката доминантност на хетеросексуалноста, иако хегемонијата ѝ ја направија малку понесигурна и не толку целосна.
Наместо тоа, изгледа дека се случува спротивното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Создадена била за да ги задоволува и да ги разонодува луѓето – главно од средниот сталеж, а особено жените – кои не ги уживале придобивките од врвното класично образование, кои не знаеле да читаат на грчки и на латински и кои затоа имале слаб пристап (пред процутот на евтините и многубројни класични преводи) до префинетото естетско восприемање на античката трагедија, исто како што ја немале ни однегуваната чувствителност што била нужна за да се цени класичната европска драма што претполагала дека е нејзин современ наследник или за да се сладат со крутата формалност на стихот во кој се пишувала.
За припадниците на буржоазијата, кои во класичната трагедија, било античка, било современа, не гледале одраз на сопствените животи, на сопствените вредности, морало да се измисли нов и попопуларен жанр: жанр на средносталешка семејна драма, изговарана во проза, со тематика поблиска до нивното секојдневно искуство и со сентиментален опсег усогласен со нивните емоционални потреби – но која, и покрај сите тие отстапки, немало да може да се сведува на комедија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-луѓето, онака решени да се интегрираат во поширокото општество и да си ја покажат суштинската нормалност, брзаат да ги прифатат хетеросексуалните облици на живеење, вклучително и хетеросексуалните норми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На тој начин, тие ги прифаќаат поимите со кои се артикулира хетеросексуалната доминантност и позитивно ги промовираат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не само што меѓу нас излегле од мода геј-верзиите на радикалната политика, на радикалниот секс и на радикалните животни стилови, туку геј-луѓето изгледа одново ја откриваат и ја промовираат супериорноста на хетеросексуалните општествени облици, вклучително и фрапантно архаичните форми (како венчалните огласи во друштвените рубрики на локалните весници) кои ги напуштаат дури и самите хетеросексуалци.455 Се трудиме да ги победиме хетеросексуалците на нивни терен.
Повеќе нормалност, изгледа, веќе не ги задоволува асимилациски настроените геј-луѓе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто, ако можело средносталешката семејна драма да се сведува на комедија, ако ги третирала буржоаските семејни несреќи како тривијални и смешни, таа едноставно ќе го унижувала и багателизирала буржоаскиот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сведоци сме на подемот на еден нов и силен култ на геј-обичност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-идентитетот не ги задоволува сите потреби на геј-желбата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако публиката некогаш се посомнева дека драматичните екстравагантности на трагедијата не се сосема оправдани, дека дури се и малку од малку претерани, дека високиот степен на емоцијата што го издвојува трагичното чувство, кој го воздигнува до височините на возвишеноста, не е сосема мотивиран – да скратам, дека страста не се чувствува толку, туку дека се лажира или се изведува – тогаш трагедијата веќе не предизвикува соодветно трагично дејство и се разводнува во мелодрама.
Мелодрамата, од своја страна, се врти само околу одигрувањето на екстремното чувство и нагласката ја става врз изведбата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Знаете, се случувало, некоја одговорна личност, во момент на збунетост, или дури и при полна свест, да спомене некое име што ги задоволува критериумите за добивање покана, а потоа ќе заборави да ги изврши и додатните обврски. Како што е на пример писмената препорака.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)