ги (зам.) - загрее (гл.)

Го разгори огнот, ги загреа малку рацете и нозете, па легна изѕемнат и во душата и во телото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Светлоста на знаењето нема во себе топлина; оној што само знае, а не верува во Бога, чтение врши така што се лизга само по буквите и зборовите, како светлината месечева што се лизга по карпата, не навлегувајќи во нејзината утроба и не стоплувајќи ја, затоа што таа светлина, студена, никогаш не ќе може да ги загрее душите на зборовите, да ги оживее и да ги разбере вистински, со срце, а не со разум.“ Мислев дека сонувам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не му оставил, изгледа, ни мангарче да ги загрее ковчињата...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чист, секогаш избричен и, веројатно поради неговиот начин лесно да воспоставува контакти со луѓето, а уште повеќе да ги загрева со својот богат речник и одлично глумена гестикулација, направија од него политички работник.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)