ги (зам.) - заврши (гл.)

Утрото побрзав да станам. Го замолив рецепционерот да ми го даде пасошот, требаше да одам да ги завршам своите работи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се надевав, дека престојот во С. не ќе биде долг, дека брзо ќе се види дали ќе успее мојата мисија, дали моето име на главен коментатор и уредник во „Време“, со години на ред и главен аниматор и учесник во некои важни кадровски консултации, ќе биде гаранција дека брзо ќе ги завршам работите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Скопскиот производител веќе ги заврши преговорите со германските производители на овие материјали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не морам да одам. Во принцип, јас си ги завршив, прегледите! ...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во оваа програма ќе бидат вклучени разни изворни матери­јали, подготвителни цртежи, меморабилии, и други материјали што го одредуваат делото во фор­мален и културен контекст.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дури и ретроспективната излож­ба организирана од Музејот за модерна уметност 1989- та година концепциски го подржа ваквиот став.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
(К) прашува: може ли лицето од гума толку многу да се истегне така да некое огледало може да го одслика во нормални размери? (Л) е филозоф: “-” се разликува од “-”. (Љ) го проучува семејното стебло. (М) не е заинтересиран за работа туку само за игра. (Н) се поттикнува себе и другите да работат повеќе, а не помалку. (Њ) ги уништува делата кои ги завршил. (О) го направи “Критичарот гледа”. (...) Термостатите се врзани за радијаторите, но без никакво дејство, вода до двете голи жици.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гимназиски денови. (Нема начин тоа да се направи пред 1955.)/. (Ѕ) се занимава со јазикот. (И) со сакраментална структура (Тенисон). (Ј) прави планови кои не можат да се изведат. 188 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Формуларот за регистрација на возилото не е пронајден.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гледано од ваков аспект, откако 150 Margina #11-12 [1994] | okno.mk ги завршил сериите слики за познатите личности и несреќите во раните шеесети, Ворхол станал жртва на сопствениот успех.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во Софија завршил и Театарска академија, на отсекот за режија, во 1944 год.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Паралелно со тоа ги продолжил започнатите правни студии, кои ги завршил во 1942 год.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека да ги заврши студиите, Грдан, домско дете, веќе ја чувствуваше библиотеката како свој, којзнае кој дом.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тие Струшки вечери на поезијата не ги завршивме во Струга ами во Велгошти.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А ги заврши не само навреме туку и со одличен успех.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа настаните почнаа да се одвиваат како на грамофон со труба, на напуканата плоча ставена на погрешна брзина: предвоениот доктор заедно со својата животна придружничка реши пензионерските денови да ги заврши во родното место, кое сметаше дека најпосле заслужило славниот сограѓанин да ги остави своите коски на прадедовските гробишта штотуку здобиени со нова реформистичка управа; младата мајка се уштутка во одеднаш испразнетата куќа, со доенче во едната, а скрипти во другата рака, не знаејќи дали попрво да готви ручек или да пере пелени, па најпосле најми дадилка и се префли на фармација.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И јас ги завршив кадиските студии, во градот на Босфор, помогнат од мојата рода, речиси сета построена во новите административни и судски ешалони на новата држава на Ататурк.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа ја охрабри, ја потсмири. Сега можеше да ги заврши заостанатите работи...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го очекуваа десетина работи што мораше да ги заврши до пладне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со прекини за да заработи пари, Христов ги завршил студиите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Името ѝ беше Никол и потекнуваше од село, но беше многу бистра и на некој начин лукава (итра) жена и успеваше сите работи да ги заврши на време.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Првите две години од училиштето ги завршив со одличен успех, и тоа така мораше да оди и понатаму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Онака како што предвиде, нејзиниот сопруг излезе со задоцнување од половина час од својот скромен стан во населбата Хорта за да ги заврши трите договорени работи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Другата работа беше во куќата на една деведесетгодишна старица во инвалидска количка, која се фалеше дека секој од своите последни триесет родендени го славела со нов магионичар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татко и Камилски си имаа обичај долгите прошетки во источниот и западниот брег на градот, односно лево и десно од реката, поврзувајќи ги со камениот мост изграден уште од султанот Мехмед II, да ги завршат во големата Железничка станица, која беше една од најубавите станици не само во овој дел на Европа туку и пошироко, гледајќи ги меѓународните возови Балкан-експрес и Балкан-ориент, како патуваат преку границите кон исток и запад, север и југ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога веќе сè беше готово моравме да ги завршиме мачните процедури и подготовки за твојот погреб.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во 1922 година В. В. Набоков се наоѓа во Берлин, каде се преселил, откако ги завршил студиите во Англија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мајка не беше била никогаш, на ниту една родителска средба за постарите браќа, па тие си ги завршија училиштата со одличен успех и со примерно поведение.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Откако ги заврши работите што беше предвидела да ги заврши утрешниот ден, само за да го следи Татко во ноќта, небаре да го преземе својот дел од одговорноста од татковото замислено патување, кое еден ден можеше да продолжи во реалноста, тивко се прикраде до неговата соба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Откако ги заврши предвидените студии и стекна титула мајстор на играта, момчето, сега веќе млад човек, се врати во Градот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Многу од нив нема да успеат да ги завршат своите срамни, перверзни и блудни планови за оваа ноќ.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Микрофонот се повлекува. Од клозетот се слуша вресок. Излегува Малиот. Крвав е.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Како што реков, бев изнервиран од тешкотиите да ги завршам неколкуте мои започнати раскази. – Миличок, твоите антиупатства од себеогледање пливаат кон раскази, исто како во анегдотава, ме потчукна по рамото; па што и ако не се раскази „докрај“, кога нивното множење е вирусно, како што би рекла нашата другарка Бети Шелева.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Впрочем, во интервјуто за магазинот „Вчера“ посочениот писател ќе изјави за љубените си ант-упатства: Ги „режирам“ како кусометражни аматерски филмови, без кастинг и пробни снимања, со една камера и со брза монтажа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Ането! - се слушна машки глас. Ане се штрецна, како некој да ја удрил одзади по главчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога и оризот и чајот ги завршија, двете девојчиња фатија да ги редат ќофтињата врз стиропорот, но полека, за да не се распаднат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Е, откако ги завршивме борбите со арнаутските балисти, не собраа надвор од Гостивар...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ЗА ПОУБАВ СВЕТ СЕ БУДИМЕ НАУТРО и веднаш, првата мисла, првата желба ни е денот што е пред нас да ни биде убав, а тоа значи успешно да си ги завршиме сите работи за тој ден, да бидеме здрави, да бидеме добри и да не ни се случат никакви непријатности.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Потоа повторно настапи една сиромаштија. Затоа моравме, откако ќе ги завршевме нашите работи, да одиме во друго село за да прашиме афион.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)