ги (зам.) - забере (гл.)

Но уште истиот ден, приквечерината, достасаа од Прилеп заптин; од бавната ги забраа Атанас Јанчески Цицко, Котета Ризески, Новета Лазоров Перуноски и немиот Велјаноски и ги потераа по Пазарџиски Пат, натаму, накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Или ќе ги забереа пред пушка и ќе ги отераа во џандармериските станици во Алинци или Тополчани, или во Прилеп или во Битола, ќе ги држеа во тамошните затвори неколку дена, неколку недели или неколку месеци и кога ќе ги пуштеа да си дојдат дома, си доаѓаа посинети од ќотек и со искршени ребра, раце и колена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одеднаш во салата влегоа неколку агенти и ги забраа сите мажи што се најдоа тука, длабоко зачитани, и кои како од пријатен сон преминаа нагло во оваа груба реалност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Италијанецот или се налути, или му се слоши, стана, тргна кон вратата и при тоа ги забра чашите и чинијата од масата, ги бувна на под и излезе надвор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Донесоа штици, талпи. Ги потпреа на камионот и ги забраа да ги туркаат другарите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но сето тоа наеднаш се запре. Војниците се растрчаа на сите страни, ги забраа луѓето, ги собираа купче на широкиот пат крај езрото: машко, женско, старо младо. Што е ова, господе? офнаа луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мандолината на Геле заѕунува, ама не заврзува мелодија, како да испушта здив, жените развражаа зад Дине, предосети дека отворат усти за молебни зборови, само тој се завртува и со раширените раце ги забира дечињата и двете жени, со сиот товар врз нив, со бовчите и демите и се загубуваат во темницата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Ги барам воловите, ми вели Стојна, ми ги забраа некои војници и си заминаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)