Попот ги сврши молитвите пред олтарот, Кушо ги дочита утрените псалми, попот ја кади црквата, Кушо отпева, и веќе почнаа и селани да идат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Мајка, сега прв пат во животот, имаше време да ги чита, да ги дочитува и непрочитаните книги на Татко, небаре оставени во аманет, со надеж дека се дооткриваат новите пораки за натамошното спасување на семејството на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)