Подјарувајќи ги до краен предел, тој му откажа во силите да ги достигне, да им се приближи барем.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во тоа време, кога Србите од кралот и министрите до последниот српски амал се националисти и наоѓаат за нужно сите да се сплотат во едно за да ги достигнат со општи сили народните идеали, Бугарите се цепат на социјалисти и секакви други – исти, кои најмалку сакаат да ја оправдаат пословицата дека соединувањето ја прави силата. – Туку сето тоа е резултат на политичката зрелост на народот: Србите во текот на цел век ги изработуваат националните идеали и ги изучуваат националните интереси, а пак Бугарите го прават тоа само во 1/4 век.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Турските војски беа ги достигнале крушевските низини.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Градот крај реката, кој се сметал за еден од европските бисери, алем камен на златниот прстен, горел во текот на два-три дена.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Градот својата апотеоза, но и самракот ќе ги достигне кон крајот на XVII век за време на Турско-австриската војна, кога австрискиот генерал Силвио Пиколомини, со италијанско потекло, по офанзивниот пробив на 25 октомври 1689 година, ќе го спали освоеното Скопје, поради наводното владеење на чума.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Покажувајќи отпор кон таквиот тип на површност и неодговорност но и знаејќи дека тоа не значи автоматски и неталентираност, се обидов малку да го растресем Дејан, во што успеав само делумно.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Најважно е сепак што Дејан Дуковски напиша една прилично солидна драма која во многу нешта ги достигнува врвните точки од творештвото на неговиот драмски узор, Горан Стефановски.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Па како тогаш да ја подржувам авантурата на синот кој наумил да трага по вистината за татко му кога и јас во таа вистина имав само наѕирнато?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку, во врска со името на таткото, мојот Човек ми се имаше доверено дека другарите му честитале кога му соопштиле дека отсега па натаму ќе го викаат Ведран.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Притоа воопшто не ме обескуражуваше фактот дека не можев да си ги замислам нештата што ги бркаше за да ги достигне; напротив, си го придодавав правото да верувам дека сепак го знам, дека го познавам барем онолку колку што себеси се познавам, а притоа, вистината ви ја велам, дури ни вистинското име не му го узнав на мојов Човек, бидејќи тој ми рече а јас му верував дека така било подобро и за мене и за него.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Додуша, нивните интервјуа делуваат како паради на лоботомизирани изјави коишто навистина не можат лесно да ги достигнат ниту двајцата браќа од групата Оасис.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Инаку, ако судиме по интервјуата браќата Чепмен во ликовната уметност се она што браќата Галагер се во поп-музиката, иако нивните критичари повеќе ги гледаат како Бивис и Батхед на уметничката сцена.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На крај судбината сите ги достига!
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)